- This event has passed.
„Тоска“
Џакомо Пучини
23.11.2024, 20:00 часот
Диригент: Елио Орчуоло – Италија (Elio Orciuolo)
Режисер: Огњан Драганов (Бугарија)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Асс.Диригент: Катерина Стојковска
Асс. Режисер: Трајко Јордановски
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Асс. хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски
Испициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Невена Георгиева
Настапуваат:
ФлоријаТоска: Марија Јелиќ – Србија
Каварадоси: Дарио Ди Вјетри – Италија (Dario Di Vietri)
Скарпија: Maрјан Јованоски
Анџелоти: Борко Биџовски
Клисар: Драган Ампов
Сполета: Никола Стојчески
Шароне: Tихомир Јакимовски
Клучар: Димитар Кожухаров
Овчарче: Десанка Глигоријевиќ
Судија: Игор Гиновски
Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет
ТОСКА
ТЕМА: Страст, предавство и жртва. Љубовната симфонија одекнува во сенките на Рим.
КРАТКА СОДРЖИНА
Сликарот Каварадоси му помага на избеганиот од затвор републиканец Анџелоти да се засолни, но шефот на полицијата Скарпија и неговите агенти ja насетуваат трагата. Со вешти ветувања и закани, Скарпија изнудува признание од Тоска, љубовницата на сликарот, и тој е фатен и осуден на смрт. Тоска бара помилување, меѓутоа Скарпија одбива. Би го помилувал само доколку Тоска се согласи да биде негова. За да го спаси Каварадоси, Тоска се согласува, но за возврат бара Скарпија да му даде документи со кои безбедно ќе го напушти Рим.
Договорено е стрелањето да биде фиктивно. Скарпија ги подготвува документите и кога ja посакува Тоска, таа го убива со нож. Веднаш му јавува на Каварадоси дека стрелањето ќе биде фиктивно.
Скарпија, меѓутоа, наредил Каварадоси вистински да се стрела. Наредбата е извршена. Тоска, целата избезумена, сфаќа дека е измамена и пред да биде фатена од агентите на Скарпија, се фрла од затворската тврдина во бездна.