- This event has passed.
Македонската опера и балет има чест да Ве извести дека во сабота, 02 јули, 2016 г. балетскиот ансамбл на МОБ ќе гостува во Тирана-Албанија и ќе ја изведе најновата балетска продукција од оваа година, „Црвената соба“. Премиерата на ова современо балетско дело се одржа на 27 Април, 2016 г. по повод Светскиот ден на Танцот (29 Април).
„Црвената соба“, е модерен балет работен според Шубертовиот квартет бр. 14, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров. Киров на македонската публика и е познат по успехот што го постигна со поставувањето на веќе популарната „14 Часа“. Асистент на кореографот е гостинката од Словенија, Мојца Мајцен. Сценограф е Марија Ветероска, додека костимограф, Александар Ношпал, a светло мајстор, Милчо Александров.
Настапуваат првенците и солистите на балетот на МОБ: Александра Мијалкова, Васил Чичиашвили, Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Илијана Данилов, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии.