- This event has passed.
Световите во „Црвената соба“
По либрето на Сашо Димоски
Либретото за современиот балет „Црвената соба“, според Шубертовиот „Гудачки квартет бр. 14“, има своја предлошка насловена „Смртта и девојката“. Поаѓајќи од постоечкиот мотив, кој има свои бројни сценски постановки, па дури и екранизација, фабулата на приказната добива свое проширување: Смртта, која копнее по љубов и единство доаѓа меѓу луѓето и се заљубува во Пророкот, па оттргнувајќи го од сите негови земски врски, го носи во светот на Подземјето, светот на Црвената соба. Оваа иницијација на Пророкот има двоен фабуларен тек: во неговата потрага и во обид да го врати назад во земскиот свет, Девојката започнува свое иницијациско патување. Во подземјето, таа успева повторно да ја придобие љубовта на Пророкот и заедно да се вратат меѓу видливиот свет, а Смртта останува сама да копнее по своето единство, опкружена со самотијата и познатоста на сопствениот свет. Покрај оваа тријада, останатите актери во либретото се претставени пред публиката преку состојби и чувства, а не преку именувани ликови, кои се контастно поставени – земското наспроти подземското.
На оваа линија, „Црвената соба“, од една страна, станува сценски експеримент за вечната потрага по единство, за потребата од припадност, за своината, за копнежот по љубов и од друга страна – за самотијата како единствен облик на апсолутно припаѓање и сето тоа преку говорот на телото кое е во криза.
Кореограф: Игор Киров
Музика: Франц Шуберт
Асистент кореограф: Мојца Мајцен (Словенија)
Либрето: Сашо Димосkи
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Александар Ношпал
Репетитори: Тања Вујисиќ-Тодоровска, Саша Евтимова, Олга Панго
Гудачки квартет: Верица Ламбевска (прва виолина), Сандра Крстевска (втора виолина), Марија Георгиева (виола), Марјан Ивановски (виолончело)
Светло мајстор: Милчо Александров
НАСТАПУВААТ:
Смрт: Александра Мијалкова
Пророк: Васил Чичиашвили (Грузија)
Девојката: Мими Поп Алексова Атанасовска
Свитата на смртта: Марија Кичевска Шокаровска и Бобан Ковачевски
Толпа: Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, (Ангела Велевска, Илијана Данилов, Диљана Јанева)