- This event has passed.
Во сабота, 10.12.2016 г. во Ротердам (Холандија) ансамблот на балетот на МОБ ќе ја изведе една од најгледаните балетски продукции во МОБ, „14 ЧАСА“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.
Играат: Александра Мијалкова,Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Наташа Јосифовска, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Дафина Данилоска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Агим Бафтии, Мирослав Митрашиновиќ и Светлин Стојанов (Бугарија)