Loading Events

« All Events

Ансамбл за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ (3.6.2025) June 3 @ 7:30 pm - 9:30 pm 600МКД

Ансамбл за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“

Концерт на народни игри  

гостин на концертот – Ансамблот ТАНЕЦ

3 јуни 2025 година / Национална опера и балет, Скопје

 

Концерт на ансамблот ЛАДО во Скопје

Во 2025 година, Хрватска го одбележува 1100 годишниот јубилеј од основањето на Хрватското Кралство. Овој голем јубилеј е поврзан со крунисувањето на првиот хрватски крал, Томислав, околу 925 година. По тој повод, Националниот фолклорен ансамбл ЛАДО организира меѓународна турнеја на концертни настапи кои ги истакнуваат богатите културни традиции на Хрватска.

Еден од врвните настани во таа турнеја е концертот во Скопје на 3 јуни 2025 година, кој ќе се одржи во МОБ со почеток од 19:30 часот.

Репертоарот на ЛАДО опфаќа над 100 танцови кореографии и вокално-инструментални композиции, претставувајќи разновидни музички и кореографски стилови.

Поради збирката на вековни носии, ансамблот е често нарекуван „танцувачки музеј“. Неколку генерации на носии украсени со златни детали и живописна везба се составен дел од костимографијата. Сите овие карактеристики ја потенцираат уникатноста на ЛАДО како ансамбл, кој на светските сцени веќе седум децении успешно ги претставува хрватските традиции.

Концертот на ЛАДО во Скопје е и пример за трајните културни релации помеѓу Хрватска и Македонија, како и порака за пријателство и заедништво меѓу двата народа.

Details

Date:
June 3
Time:
7:30 pm - 9:30 pm
Cost:
600МКД
Event Category:
Website:
https://online.operabalet.mk/index.php?id=449