- This event has passed.
Македонската опера и балет од почетокот на оваа сезона, во реновираните Салон и Фоаје на МОБ, воведува една убава практика. Тоа се настапи на наши и гости солисти, со свои рецитали. Во петок, 04.11.2016 г. во Фоајето на МОБ, со почеток во 20 часот, рецитал ќе одржи нашата сопранистка, Ана Ројдева Талевска, насловен како: „Вечер на соло песни“.
Публиката ќе има можност да ужива во една убава програма која се состои од дела на Роберт Шуман, Јоханес Брамс, Франц Шуберт и Јохан Штраус
Солист: Ана Родјева – Талевска
Пијано: Андреј Наунов
Режисер: Дејан Прошев