- This event has passed.
Лудвиг Минкус
ДОН КИХОТ
2.12.2022 – 20 ЧАСОТ
Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Билјана Пашариковска, Дафина Данилоска-Кочевска
Настапуваат:
Китри: Mими Поп Алексова Атанасовска
Базил: Франсиско Хименез Руиз (Шпанија)
Еспадо: Игор Веланоски
Улична: Симона Колиштркоска
Цвеќарки: Бојана Христовска Хоурсеау и Наташа Трендафилова Гицев
Мерцедес: Илијана Данилов
Болеро: Игор Веланоски и Цветанка Максимоска
Гамаж: Кристијан Јангос
Татко: Драган Кочоски
НАСТАПУВААТ СОЛИСТИ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ И ДЕЦА ОД БАЛЕТСКИОТ ОДДЕЛ НА ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“
Дон Кихот
Пролог
Дон Кихот талка по светот за да го прослави со славни подвизи своето име. Го назначува за свој штитоносец слугата Санчо Панса. Поаѓаат по светот за Дон Кихот да ја пронајде „дамата на своето срце“, Дулчинеја.
Синопсис
I ЧИН Слика 1. Празнична веселба на плоштадот во Барселона. Китри, ќерката на крчмарот Лоренцо е вљубена во Базил, кој работи како бербер. Татко ѝ е против оваа врска и сака да ја омажи својата ќерка за богатиот Идалго Гамаш. Китри решително одбива да се потчини на татковата волја. Кога веселбата го достигнува својот врв, на плоштадот се појавува Дон Кихот со својот штитоносец, Санчо Панса. Лоренцо го поканува необичниот господин во крчмата. Санчо Панса останува на плоштадот опколен од младите, кои се шегуваат со него. Во меѓувреме Дон Кихот ја забележува Китри. „Славниот рицар“ вообразува дека таа е прекрасната Дулчинеја. Но Китри исчезнува. Таа бега со Базил. Лоренцо, Гамаш, Дон Кихот и Санчо Панса тргнуваат во потера по нив.
II ЧИН Слика 2. Барајќи ја Китри, Дон Кихот и Санчо Панса наидуваат на еден цигански логор. Циганите им понудуваат гостопримство и преноќиште.
Слика 3. На сон на Дон Кихот му се појавуваат Амор и кралицата на шумските вили, покажувајќи му ја „Дамата на неговото срце“, Дулчинеја во ликот на Китри. Рицарот ја гледа играта на прекрасната Дулчинеја.
Слика 4. Китри и Базил се забавуваат во крчмата. Се појавуваат Лоренцо, Гамаш, Дон Кихот и Санчо Панса. Крчмарот сака веднаш да ја објави свршувачката на Китри со Гамаш. Но, Базил одглумува самоубиство. Китри очајна плаче над неподвижното тело на својот љубен. Дон Кихот и Санчо Панса негодуваат и му префрлаат на Лоренцо дека е прежесток. Тие го бркаат здодевниот Идалго и го присилуваат Лоренцо, заканувајќи му се со оружје, да се согласи да се венчаат Китри и Базил. Базил срипува, веќе не му е потребно да се преправа дека е „смртно ранет“. Започнува општа веселба, а Дон Кихот и Санчо Панса ја напуштаат крчмата.
Слика 5. Настанува сеопшто празнување за свадбата на Китри и Базил. „Прочуениот рицар“ е почесен гостин на тој весел настан. Во текот на веселбата, двајцата борци за правда и слобода го напуштаат празнувањето, желни за нови „подвизи“.