- This event has passed.
За прв пат во Македонија доаѓа Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, основан во 1967 година од истакнатиот кореограф Константин Бојарски и музичкиот директор Лео Корхин. Од 1995 овој балет, почнува да одржува претстави низ оперските и балетските сали ширум светот. На својот репертоар ги имаат поставено најпознатите балетски претстави Лебедово езеро, Заспаната убавица, Оревокршачка… За прв пат истите се изведуваат на мраз, надополнети со грандиозна костимографија и сценографија. Овој балет, кој има настапувано во најдобрите балетски сали низ светот, во Скопје гостува на 16 и 17 декември, во МОБ.