Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
Лилјакот – Јохан Штраус II – (28.10.2025) October 28, 2025 @ 8:00 pm - 11:00 pm 1000MKD

ЈОХАН ШТРАУС-Помладиот
„ЛИЛЈАКОТ“
28.10.2025, 20 часот

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Љупка Јакимовска
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Асс. костимограф: Ангела Богевска
Кореограф: Саша Евтимова
Асс Кореограф: Маја Митровска-Богојевска
Асс Диригент : Катерина Стојковска
Светло дизајн: Милчо Александров
Хор мајстор: Јасмина Ѓоргеска
Асс.режисер: Трајко Јордановски
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов, Анастасија Грговска
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Катерина Бошковска
Суфлер:Невена Георгиева

НАСТАПУВААТ :
АЈЗЕНШТАЈН: Васко Здравков
АЛФРЕД: Дејан Стоев
РОЗАЛИНДА: Злата Тошевска Димовска
АДЕЛЕ: Ана Ројдева
ПРИНЦ ОРЛОВСКИ: Николина Јаневска
ФАЛКЕ: Кристијан Антовски
ФРАНК: Невен Силјановски
БЛИНД: Марјан Николовски
ИДА: Јаворка Витанова
ФРОШ: Tихомир Јакимовски

Хорот. оркестарот и балетскиот ансамбл на Национална опера и балет

 

ПРВ ЧИН

Виена во 90-тите години на 19 век. Низ прозорците на домот на Ајзенштајн се слуша серенадата на Алфред, тенор, во кого сеуште гори љубовниот жар кон Розалинда, неговата некогашна љубов, а сега жена на Габриел фон Ајзенштајн. Адела, собарката, шета низ собата и чита покана за маскенбал. Розалинда, збудалена од главоболка и убедена дека го слушнала гласот на Алфред, влегува во собата но тука ja наоѓа само Адела, а собарката замолува да биде слободна вечерта за да може да jа посети својата ,,болна тетка,, и господарката го одобрува ваквото нејзино барање. Во собата влегува Алфред и започнува да и се додворува на Розалинда. Розалинда останува ладна на неговите слатки зборови, но затоа се растопува од нежност слушјаќи го неговото високо „А,,. Додворувачот jа напушта собата кога во неа влегуваат Ајзенштајн и неговиот адвокат Блинд. Тие двајца се враќаат од суд каде Ајзенштајн бил осуден да помине една ноќ во затвор поради сторен прекршок. Ајзенштајн се ослободува од неспособниот адвокат, за во истиот момент во просторијата да пристигне неговиот пријател Фалке кoj му носи покана за маскенбал. Фалке му предлага на Ајзенштајн на маскенбалот да го понесе својот познат џебен часовник кoj многу ги привлекува сите дами. На тој начин на маскенбалот ќе стекне бројни и пријатни спомени кои ќе му го одржат духот за време на престојот во затворот. Розалинда и Адела „кисело-весело,, го испраќаат Ајзенштајн во затвор коj, на нивно големо изненадување, од глава до петици е облечен во костум за вечерно излегување. Розалинда jа испраќа Адела кaj болната тетка,, а во собата го прима Алфред кому му врие крвта. Нивната блиска средба ja прекинува чуварот Франк кoj, по грешка, мисли дека Алфред е човекот што треба да го апси. Розалинда го убедува Алфред да се претстави дека тој е нејзиниот сопруг со што нејзината чест ќе биде зачувана. Франк го води Алфред во затвор.

ВТОР ЧИН

Предворје во палатата на принцот Орловски. Гостите на благородникот, а меѓу нив се Адела и нејзината роднина Ида, го очекуваат пристигнувањето на нивниот домаќин. Влегува Орловски – и покрај ветувањата на Фалке за комедија со замени – исполнет со здодевност. Принцот им објавува на своите гости дека на балот можат да прават се што сакаат. Адела е облечена во еден од најубавите фустани на Розалинда и им се смее на тврдената на Ајзенштајн дека „,таа многу наликува на собарката на неговата сопруга,,.  Влегува Франк, а пристигнува и Розалинда, кoja исто така ja поканил Фалке, маскирана кaкo темпераментна унгарска грофица. Грофицата, наскоро станува цел на додворувањата на својот сопствен сопруг. Таа го краде неговиот џебен часовник што сака да го искористи кaкo доказ за неверството на сопругот. Розалинда се согласува да отпее еден чардаш полн со дух, песна за „својата,, татковина, после кого гостите преминуваат во трпезариајта да им се препуштат на задоволствата на виното, добрите пријателства и љубовта. шампањот тече со потоци, а гостите разуздано играат до зори. Часовникот покажува шест часот и Ајзенштајн, тетеравејќи се, се упатува на својата закажана средба со затворот.

ТРЕТ ЧИН

Нешто подоцна во затворот. Фрош, пијаниот затворски чувар, се обидува да задржи ред помеѓу затворениците кои неможат да заспијат од пеењето на Алфред. Пристигнува Франк, сеуште развеселен од испиениот шампањ, а по него следат Ида и Адела. Адела за него мисли дека тој е театарски импресарио и би можел да и помогне да ги исполни нејзините сништа за сцената. Франк слуша дека некој тропа на вратата и ги крие девојките во една ќелиа. Toj ja отвара влезната врата на кoja се појавува Ајзенштајн кoj дошол да ја отслужи својата казна. Новиот затвореник е изненаден кога дознава дека ќелијата во кoja тој треба да биде затворен веќе е зафатена:  во неа се наоѓа лице кое за себе тврди дека е Ајзенштајн и кое, во моментот кога дошле да го носат во затвор, вечерал со Розалинда. Ајзенштајн сака да добие објаснување од натрапникот, па се маскира со адвокатската наметка и перика од својот зачуден адвокат. Веднаш по маскирањето, во затворот влегува Розалинда со цел да обезбеди ослободување на Алфред но и да поднесе тужба за развод против својот грешен сопруг. Таа и неjзиниот ,,Ромео,, му се исповедаат на „адвокатот,,. Разбеснетиот Ајзенштајн ja открива својата маска и ja обвинува својата сопруга за неверство, на што Розалинда го вади џебниот часовник што му го зеде на балот. Пристигнуваат Орловски и неговите гости и ja пеат финалната здравица за да го прослават смирувањето на Ајзенштајн и Розалинда, а Ајзенштајн го изнесуваат.

Details

Date:
October 28, 2025
Time:
8:00 pm - 11:00 pm
Cost:
1000MKD
Event Category:
Website:
https://online.operabalet.mk/index.php?id=456