- This event has passed.
Диригент: Диего Гарсија Родригез (Шпанија)
Режисер : Марко Спада ( Италија)
Сценограф: Мауро Тинти (Италија)
Костимограф: Раде Василев
Концерт мајстор:
Aсс.режисер: Трајко Јордановски , Љупка Јакимовска
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Павлина Здравкова ,Невена Георгиева
Настапуваат:
Магбет: Борис Трајанов
Лејди Магбет: Весна Ѓиновска Илкова
Банко: Александар Стефаноски
Макдуф: Никола Стојчески
Дама: Катерина Митева
Малком: Дејан Стоев
Доктор: Диме Петров
Слуга на Магбет: Борко Биџовски
Хералд: Марко Гапо
Предавник: Димитар Кожухаров
Хорот, оркестарот и балетски солисти на Националната опера и балет
MAГБЕТ
Кратка содржина
I чин
По победата над бунтовниците, Магбет, војсководецот на кралот на Шкотска се враќа дома. Тој е внук на кралот Данкан. Во шумата во големото невреме се сретнува со вештерки кои му претскажуваат дека ќе биде крал. Но му претскажуваат и дека насилно ќе умре. Пророштвото го тера насилно да ја присвои власта. Неговата жена, Лејди Магбет, која и самата сака да стане кралица, го тера својот маж да го убие кралот и како негов наследник да го превземе престолот и кралската власт
Промена: Во својот дворец, Магбет и жена му се договараат да го поканат кралот кој лови во близина на дворецот. Кралот ги известува дека ќе ја прифати поканата затоа што смета дека тоа е знак на потполно смирување, а воедно сака и да го награди својот војсководец. Тој наскоро доаѓа со придрижбата и не насетувајки ништо за заговорот кој го подготвуваат против него, заминува на починка.
II чин
Во тивката и ведра ноќ се случува гнасно злосторство. Магбет, потпомогнат од жената си го убиваат кралот. Потоа излегуваат во дворот каде ги очекуваат останатите војсководци. Тие се спротиставуваат на идеата да го прогласат за крал, но Магбет изнајмува платеници кои ги убиваат противниците. Останатите благородници, уплашени за своите животи, бидејки во неговиот дворец се под негова власт, се потчинуваат на неговата желба и го прогласуваат за крал. Штом е избран, му доаѓа на ум второто пророштво да не го снајде истата судбина како и убиениот Данкан.
III чин
Магбет се подготвува да го прослави своето крунисување, но на големата свеченост не доаѓаат сите благородници. Тие го сметааат за злосторник и тиранин против кого синовите на убиениот крал подготвуваат заговор, собираат војска да му го земат од престолот. Присутните благородници му ласкаат на тиранинот, но и самите се подготвени на сé против него, бидејки знаат дека не се чувствуваат сигурни. Знаат дека тој е во постојан страв од одмазда и е подготвен немилосрдно да се пресмета со секој кој смета дека е опасен. Тој страв и постојана несигурност во која живее, го прават уште по суров , но и човек кој постојано има привиденија. И неговата жена е на исти маки. Таа ги гледа духовите на убиените, па неможе тоа да го издржи и полудува. Во настап на лудило постојано разговара со духовите и бегајки од нив, се убива.
IV чин
На Магбет му соопштуваат дека жена му починала. Тој е депримиран затоа што знае дека и таа е жртва на нивната алчност за власт. Освен тоа, дознава и дека благородниците предводени од синот на убиениот крал, доаѓаат да го освојат дворецот и да се пресметаат со него. Во очај, тој повторно им се обраќа на вештерките, кои доаѓаат да му претскажат дека може да биде мирен, затоа што нема да умре се додека блиската шума не се помести, и неможе да го убие никој роден од мајка. Но, тоа сепак се остварува. Војската која пристигнува е камуфлирана со гранки кои што ги собрале од шумата и изгледа дека шумата се поместува. Војската на Магбет не е во состојба да го задржи непријателот и Мекдаф кој ја предводи противничката армија и не е роден по природен пат туку е изваден од утробата на мајка му која умирала го убива Магбет и го прогласува Малком, син на убиениот крал Данкан за престолонаследник. Војсководците се повикани на свеченост за негово крунисување, а Мекдаф е прогласен за херој.