
- This event has passed.

Сценариото на оваа музичко – сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист.
Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.
Сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ
Настапуваат:
Буф: Невен Силјановски
Лиска: Симона Петровски / Надежда Рубен
Меца: Марика Поповиќ / Катерина Бошковска / Билјана Бајевска
Зајко: Јане Дунимаглоски / Дејан Стоев
[envira-gallery id=”1148″]