- This event has passed.

Џузепе Верди
„РИГОЛЕТО“
10.10.2025, 20.00часот
Диригент: Џанлука Мартиненги – Италија
Режисер: Пјер Франческо Маестрини – Италија
Асс. Диригент : Катерина Стојковска
Асс. режисер: Трајко Јордановски,Љупка Јакимовска
Сценограф: Гилермо Нова – Шпанија
Костимограф: Кристина Ачети – Италија
Асс костомограф : Ангела Богевска
Концерт–мајстор: Климент Тодороски
Светло дизајн: Милчо Александров
Асс. хор–мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ
Кореограф: Сaша Ефтимова
Корепетитор: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Анастасија Грговска
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Kатерина Бошковска
Суфлер: Невена Георгиева
НАСТАПУВААТ:
Риголето: Леон Ким (Јужна Кореа)
Џилда: Биљана Јосифов
Војводата од Мантова: Чуан Ванг (Кина)
Спарафучил: Владимир Саздовски
Мадалена: Николина Јаневска
Монтероне: Борко Биџовски
Маруло: Драган Ампов
Борса: Јане Дунимаглоски
Грофица Чепрано: Александра Лазаревска Василевски
Гроф Чепрано: Диме Петров
Џована: Марика Поповиќ
Паж: Десанка Глигоријевиќ
Офицер: Диме Петров
Хорот и орекстарот на Национална опера и балет
РИГОЛЕТО синопсис
Во дворецот на војводата од Мантова се одржува бал. Војводата и се додворува на грофицата Чепрано. Дворскиот шут, Риголето го исмејува грофот Чепрано, а Маруло им кажува на присутните дека Риголето тајно има млада и убава љубовница. Тие се договараат да ја грабнат. На балот пристигнува грофот Монтероне, чија ќерка војводата ја обесчестил. Сите се подбиваат со него, најмногу Риголето. Монтероне ги проколнува и Риголето и војводата. Потресен од клетвата Риголето си оди дома, каде пред својот дом се среќава со Спарафучиле кој му ги нуди своите услуги на професионален убиец. Во домот, Риголето спокојно разговара со својата ќерка Џилда, а на дадилката Џована и наредува никој да не влегува во нивниот дом. Тој заминува загрижен, а во домот доаѓа војводата престорен како студентот Гуалтиер Малде. Ја поткупува Џована со пари, таа го пушта внатре и на Џилда и изјавува љубов. Пред домот се собираат дворјаните со намера да ја грабнат Џилда. Со нив е и Риголето на кого му кажуваат дека ќе ја грабаат грофицата Чепрано која живеела блиску. Со превез на очите, во грабежот учествува и Риголето држејќи ја скалата. Кога работата е завршена, Риголето со ужас разбира дека е излажан и дека учествувал во грабежот на сопствената ќерка. Клетвата на Монтероне почнала да се обистинува. Во дворецот на војводата, дворјаните разбираат од Риголето дека Џилда му е ќерка. Во бес, Риголето влетува во одаите на војводата. Џилда посрамена трча кон татка си. Тој се колне дека ќе се освети. Џилда го моли да му прости на војводата. Во крчмата на Спарафучиле, Риголето прави договор со него, војводата да биде убиен. Ја испраќа Џилда престорена во машко, но таа се враќа со намера да се сретне со Војводата. Го слуша разговорот помеѓу Спарафучиле и Мадалена, при што таа го моли да го поштеди војводата. На вратата од крчмата, во мракот Спарафучиле ја убива Џилда, сакајќи на тој начин да ги оправда парите пред Риголето. Тој бара да го види телото завиткано во вреќа. Со ужас констатира дека е тоа неговата ќерка. Пред смртниот час Џилда го моли да и прости. Риголето се присетува на проклетството на Монтероне.