- This event has passed.
Тоска
Џакомо Пучини
17.11.2021, 20:00 часот
Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Огњан Драганов (Бугарија)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Асс.Диригент: Катерина Стојковска
Асс. Режисер: Трајко Јордановски
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов
Улоги:
Флорија Тоска: Весна Ѓиновска – Илкова
Марио Каварадоси: Зоран Сотиров
Барон Скарпија: Нико Исаков (Р.Бугарија)
Чезаре Анџелоти: Ернес Ибраимовски
Клисар: Драган Ампов
Сполета: Никола Стојчевски
Шароне: Диме Петров
Клучар: Димитар Кожухаров
Овчарче: Десанка Глигоријевиќ
Настапуваат хорот и оркестарот на Нациоонална опера и балет
Испициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Павлина Здравкова, Невена Георгиева
Синопсис
Сликарот Каварадоси му помага на избеганиот од затвор Анџелоти да се засолни, но шефот на полицијата Скарпија и неговите агенти ја насетуваат трагата. Со вешти ветувања и закани Скарпија изнудува признание од Тоска, љубовница на сликарот и тој е фатен и осуден на смрт. Тоска бара помилување, меѓутоа Скарпија одбива. Би го помилувал доколку Тоска се согласи да биде негова. За да го спаси Каварадоси, Тоска се согласува но за реванш бара Скарпија да му даде документи безбедно да го напушти Рим. Договорено е стрелањето да биде фиктивно. Скарпија ги подготвува документите и кога ја посакува Тоска , таа го убива со нож. Веднаш му јавува на Каварадоси дека стрелањето ќе биде фиктивно. Сепак Скарпија, пред тоа наредил Каварадоси вистински да биде стрелан. Наредбата е извршена. Тоска сета избезумена сфаќа дека е измамена и пред да биде фатена од агентите на Скарпија, се фрла од затворската тврдина во бездна.