- This event has passed.
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Михаил Фокин (Русија); Пренел: Михаил Крапивин (Русија)
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Маја Бурсаќ (Србија)
Светло мајстор: Милчо Александров
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
НАСТАПУВААТ:
Забеида: Ивана Коцевска
Златен роб: Дојчин Дочев (Бугарија)
Султан Шахријар: Драган Кочоски
Шах Земан:Киро Павлов
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ
Синопсис:
Султанот Шархијар се одмара во својата одаја. Неговиот брат шахот Земан го забавуваат харемските девојки со песна и игра. Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Забеида, но Земан се сомнева во нејзината верност. Шахријар, потпаѓа под влијание на Земан и објавува дека ќе оди на лов, а девојките од харемот ја заговараат Забеида да му пријде на Шахријар и да му посака среќа во ловот, за да се оттргне секое сомнение.
Кога мажите одат, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува да ја отвори вратата од харемот. Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Забеида за себе го одбира најубавиот меѓу нив. Одеднаш се враќа Шахријар. Сомневањето на Земан се потврдува. Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите.
Забеида го моли царот за милост и го убедува во нејзината верна љубов.Иако за момент се колеба, Шахријар за да ја спаси својата чест ја жртвува својата љубов. Забеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на султанот Шахријар.