Вера Бранѓолица (1936 – 2018)
Истакнат солист при Балетот на МОБ

ВЕРА БРАНЃОЛИЦА е балерина, родена во Скопје. Нижо и средно балетско училиште завршила во Скопје, во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова. Од 1949г. до 1976г. таа е член на Балетот при МНТ. Како истакната солистка која била изразито музикална и со чувство за драматуршко обликување на улогите, таа одиграла голем број на балетски претстави. Некои од улогите кои ги толкувала се: Воденичарка во „Трирогатата шапка” од М. де Фака; Тамара во „Тамара” од М.Балакирјев; Дадилка во „Ромео и Јулија” од С.Прокофијев; Кармен во „Кармен” од Жорж Бизе и др.

Комеморацијата е во четврток (22.03.2018), со почеток во 12.30 ч. на големата сцена на Македонската опера и балет.

vera brangjolica