На 16 февруари почина Мирче Стојчевски долгогодишен инспициент во Македонската опера и балет.
Стојчевски, во Македонската опера и балет беше од далечната 1973 година. На почетокот беше хорски уметник-бас во операта, потоа во еден период ја обавуваше функцијата асистент-режисер, а најголем придонес во работењето на куќата оствари на местото инспициент. На сцената на МОБ толкуваше и неколку улоги: Саид Ефенди и Иван Бадев во операта „Илинден“ на Кирил Македонски и „Мечката“ во „Шекерната приказна“, на Димитрие Бужаровски. Беше асистент-режисер во претставите „Болен Дојчин“ и „Шекерната приказна“.
Посмртните останки на Мирче Сточевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробиште Бутел, во сабота на 17 февруари од 13 до 14 часот, а погребот ќе се изврши во 14 часот.