ОЛИВЕР АРСОВСКИ
Директор на Национална опера и балет

Професионалните интереси на Оливер Арсовски главно се во сферата на музичката уметност. Тој е дипломиран виолинист. Претходно бил на позицијата генерален директор на МОБ, потоа уметнички директор на оркестарот на МОБ, на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ како и на македонскиот камерен оркестар. Бил директор на фестивалот Охридско лето. Арсовски има претседателска функција на здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, здружението Македонски Камерен Оркестар, како и на здружението за културна соработка Инфинитас.
За своите залагања и ангажмани добил Златен медал за заслуги за народ од Претседателот на Република Австрија за особен придонес за развој на културата меѓу Република Австрија и Република Македонија, како и медал „ИВАН ВАЗОВ“ од министерот за Култура на Република Бугарија за особен придонес за развој на културата меѓу Република Бугарија и Република Македонија.