БИСЕРА ЧАДЛОВСКА – диригент
прв диригент
БИСЕРА ЧАДЛОВСКА – диригент
Бисера Чадловска е родена во Скопје во 1978 година. Нижото музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје започнува да го посетува на 5 годишна возраст, когапочнува да изучува пијано. По завршувањето на нижото музичко училиште, се запишуваво средното музичко училиште на наставно-теоретскиот оддел. Во 1996 година гизапочнува студиите по оркестарско диригирање на Факултетот за музичка уметност воСкпоје, во класата на професорот Фимчо Муратовски. Во 2001 година дипломира наотсекот по оркестарско диригирање со концерт со Македонската филхармонија. Пост-дипломските студии одлучува да ги продолжи во Софија, на Државната музичкаакадемија „Панчо Владигеров“, во класата на професор Пламен Џуров. Магистрира со највисоки оценки.
По завршувањето на образованието, почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Како талентиран млад диригент, набргу започнува даработи и како асистент-диригент и понатаму диригент на голем дел од оперските ибалетски претстави на репертоарот на МОБ. Од 2017 до 2020 година ја извршува функцијата уметнички раководител на Операта при Националната опера и балет. Оваа година, таа одбележува 20 годишен
јубилеј како прв диригент во Националната опера и балет. Од мај 2022 година е именувана за музички селектор на фестивалот „Охридско лето“. Во јуни 2022 год.избрана е за доцент на Факултетот за музичка уметност, каде веќе 6 години, каконадворешен стручен соработник, го води предметот Вокално студио. Добитник е на наградите: „Георги Божиков“, за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2015 година, Музичко-сценски уметник на годината во 2015 година и наградата “13 Ноември“ од областа на уметноста во 2019 година, која ја доделува град Скопје. Оперскиот и балетски репертоар на диригентката Бисера Чадловска е разноврсен и брои огромен број на наслови. Сите тие се изведени нa сцената на нејзината матична куќа, Националната опера и балет. Оваа година, Чадловска одбележа 20 годишен јубилеј како прв диригент во Националната опера и балет.
ИВАН ЕМИНОВИЌ – диригент
втор диригент
ИВАН ЕМИНОВИЌ – диригент
Роден е 1988 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по оркестарско диригирање во класата на професор Саша Николовски – Ѓумар. Дипломира во 2010 со концертот во чест на професор Коста Трпков. Магистрира а во 2012 година со операта „Рита” од Доницети.
Како диригент соработував со Македонската опера и балет, Факултетот за музичка уметност и со ДМБУЦ „ Илија Николовски – Луј”. Во 2009 година настапува заедно со Симон Трпчески како диригент на концертот за Норвешката амбасада. Во 2010 година ја добива и наградата Томислав Зографски како најдобар студент од отсеците диригирање, композиција и музичка теорија и педагогија.
Од 2014 е вработен во Македонската опера и балет како втор диригент.
СОПРАН
ВЕСНА ЃИНОВСКА – ИЛКОВА
првенец
ВЕСНА ЃИНОВСКА – ИЛКОВА
Taa e водечкиот оперски драмски сопран во Република Северна Македонија. Школувана е на Факултетот за музичка уметност во Скопје (во класата на проф. Милка Ефтимова) и на Факултетот за музичка уметност во Белград (во класата на проф. Радмила Бакочевиќ). Дебитира на сцената на Македонската опера и балет во 1996 година во улогата на Михаела во „Кармен“. Дебито на меѓународната сцена го реализира во 2001 година во Националната опера на Софија во комплексната улога на Елизабета во „Дон Карло“ од Верди. По овој успешен настап, следи операта „Тоска“ кадешто таа ќе ја има главната улога. Весна Ѓиновска-Илкова ужива богата домашна и меѓународна кариера, а досега настапувала во Данска, Хрватска, Словенија, Бугарија , во постановките на „Аида“, „Отело“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Симон Боканегра“, „Атила“, „Моќта на судбината“, „Бал под маски“, „Лидија од Македонија“... Остварила и безброј концертни настапи и е добитничка на највисоките државни награди и признанија.
САНДРА МИТРОВСКА – сопран
првенец
САНДРА МИТРОВСКА – сопран
Родена е во Скопје во 1980 г. Музичко образование завршила во Скопје. Средно образование и Музичка академија завршила во класата на проф. Билјана Јакимовска. Го посетува оперското студио на проф. Стојан Стојанов-Ганчев во Загреб. Својот почеток го имаше во улогата на Кејт во „Мадам Батерфлај". Потоа следат улогите: Втората дама во „Волшебната флејта", Г-ѓа Грос во „Свртување на Шрафот", Леонора во „Трубадур" и Сантуца во „Кавалерија Рустикана“ . Следат улогите како Адријана во „Адријана Лекуврер“, Хана Главари во „Веселата вдовица“, Гита во „Џуџето“, Сантуца во „Кавалерија рустикана“, Ирена во „ Цар Самоил“, Амелија во „Бал под маски“, Џорџета во „Плаштот“, Лиу во „Турандот“ , Татјана во „Евгениј Онегин“, Чо Чо Сан во „ Мадам Батерфлај“, Микаела во „Кармен“ и Мими во „Боеми.Настапувала на гала оперски концерти организирани од нејзината матична куќа низ целата држава, како и настапи на Скопско лето, Охридско лето, Есенски музички свечености, доделување на наградите "13 Ноември", Денови на Македонска музика. Настапува и на концертни и оперски настани реализирани и вон државата,Тирана-Албанија, Приштина-Косово, Вараждин, Дубровник - Хрватска.
КАТЕРИНА СТОЈАНОВСКА
истакнат солист
КАТЕРИНА СТОЈАНОВСКА
Катерина Стојановска, родена во Скопје 1982 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Марија Муратовска Наумовска. Во 2005 година дебитира во Македонската опера "Лидија од Македонија" од Ристо Аврамовски во улогата на Асија. Оттогаш станува редовен член и солист во Македонската Опера и Балет. Настапува на многубројни концерти и претстави во земјата и во странство а посебно место во нејзиниот репертоар зазема улогата на Милка, главниот лик во операта ,,Змејовата невеста" на Стојан Стојков, кој го толкува на праизведбата на ова национално оперско дело.
На нејзиниот репертоар исто така се улогите: Папагена во „Волшебна флејта“, Оскар во „Бал под маски“, Мизета во „Боеми“, Церлина во „Дон Џовани“, Фраскита во „Кармен“, „Кармина Бурана“, Црвенкапа во „Црвенкапа“, Марика во „Јованче и Марика“, Деспина во „Така прават сите“, Валансјен во „Веселата Вдовица“, Штази во „Војвотката на Чардашот“, Мајлс во „Свртување на штрафот“, Лола во „Кавалерија Рустикана“, Ана во „Набуко“, Главната свештеничка во „Аида“, Џанета во „Љубовен напиток“, Летиша во „Старата мома и крадецот“, Клоринда во „Пепелашка“, Амор во „Орфеј и Евридика“ Инес во „Трубадур“, Грофица Чепрано и Пажот во „Риголето“, Флора и Анина во „Травијата“, Овчарче во „Тоска“, Прва девојка во „Ил Табаро“, Втора пријателка во „Џуџето“.
ЗЛАТА ТОШЕВСКА ДИМОВСКА – Сопран
За Злата Тошевска Димовска, музичката критика вели:
„Тошевска има топол спинтов глас кој ве води назад во златната ера на оперското пеење, поткрепен со неверојатна музикалност и сценичност“.
Дипломирала со CUM LAUDE на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на првенката на МОБ, м-р Славица Петровска Галиќ.
Во 2017 година магистрирала на отсекот по оперско пеење и вокална педагогија на Академијата за музичка, танцова и ликовна уметност во Пловдив, Бугарија, во класата на м-р Лилија Илиева.
Својот талент, техника на пеење и актерска игра ги усовршувала на повеќе од 15 мастер класи и летни академии во Македонија, Италија, САД, Австрија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Соработувала со бројни светски познати оперски уметници и професори, меѓу кои се Џералд Мартин Мур, Ерик Мариор, Дејвид Оствалд, Ален Фишер, Анамарија Попеску (Канада) и светски познатиот сопран Барбара Фритоли, со која ја подготвувала улогата на Лиу од операта „Турандот“ на Пучини.
Исто така работела со вокалните педагози Мајкл Пол (вокален педагог на „Метрополитен“) и Дејл Фандлинг (вокален педагог на Елина Гаранча),
како и со диригентот Бруно Николи од миланската „Ла Скала“.
Во 2023 година соработувала со вокалниот педагог Михаило Арсенски, диригентот Даниеле Аџиман и вокалниот тренер Раминта Лампсатис, со кои ги подготвувала улогите на Абигаиле од „Набуко“ на Верди и Мими од „Боеми“ на Пучини. Злата Тошевска Димовска редовно настапува на еминентни гала оперски концерти и значајни фестивали на класичната музика, соработувајќи со истакнати диригенти како Саша Николовски Ѓумар, Бисера Чадловска, Иван Еминовиќ, Борјан Цанев, Џанлука Мартиненги, Бруно Николи, Крис Росман, Енрико Довико и др.
Таа е солист на Националната опера и балет, каде што остварила бројни оперски улоги, меѓу кои:
- Абигаиле во „Набуко“;
- Лиу во „Турандот“;
- Микаела во „Кармен“;
- Дона Елвира во „Дон Џовани“;
- Берта во „Севилскиот Бербер“;
- Луси во „Телефон“;
Во 2023 година дебитирала во улогата на Абигаиле во „Набуко“ на отворањето на Мајските оперски вечери, а во септември, истата година, повторно настапила во истата улога во Софиската национална опера и балет и на отворањето на сезоната 2024/2025 во Македонската опера и балет.
Нејзините настапи наидоа на одлични критики од италијанските и бугарските критичари, кои ја опишаа како „сопран со извонредна издржливост, брилијантен опсег и емотивен израз.“
Тошевска Димовска, исто така, одржала бројни солистички концерти во Македонија и странство, меѓу кои се издвојуваат:
- Солистички концерт во ноември 2021 година во Њујорк, САД, во McGallery;
- Солистички концерт во јуни 2022 годинаво културниот центар „Сулејман Себа“ во Истанбул, Турција;
- Солистички концерт во февруари 2018 година на фестивалот „Сцена, палета, збор“ во Пловдив, Бугарија;
ДЕСАНКА ГЛИГОРИЈЕВИЌ
носител на епизодни улоги
ДЕСАНКА ГЛИГОРИЈЕВИЌ
Десанка Глигоријевиќ е родена во 1982 година во Скопје. - Во 2004 година дипломирала во класата на проф. Билјана Јакимовска-Јовановска на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. - Во 2006 година се здобила со титулата Магистар на науки при Музичката Академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бугарија, во класата на проф. Мила Ѓулгерова. -Во 2024 година завршила магистарски студии по театарска режија во класата на Дејан Пројкоски на Универзитетот Еуропа Прима-Скопје. Во 2001 година хонорарно започнува да работи како хорист во Македонската опера и балет, од 2004 година е редовно вработена како солист – носител на средни и епизодни улоги и во континуитет, сѐ до денес, работи на истата област како солист, а од 2016 год ангажирана е како режисер и сценарист на детски претстави. Солистички улоги и концерти: За време на постдипломските студии дебитира на сцената на Македонската Опера и Балет во улогата на Рита од истоимената опера на Г.Доницети, учествува на многубројни Гала концерти организирани од страна на МОБ, настапува во современата опера „Свртувањето на шрафот“ од Б. Британ во улога на Маилс, „Волшебната флејта“ од В.А. Моцарт во улога на првото и второто момче, учество во Мултимедиалниот проект на Луиџи де Анџелис како една од трите главни сопрани со кој проект настапува во Скопје, Германија и Италија. Овчарчето - „Тоска”- Џ. Пучини, Паж - „Риголето”- Џ. Верди, Вештерката - „Јованче и Марика” - Е. Хумпердинк, Фраскита „Кармен” - Ж. Бизе, Јана - „Змејовата невеста”- С. Стојков, „Црвенкапа”- Цезар Кјуи. Солистички оперски придонес на хуманитарни концерти низ Македонија. Девет години е главен модератор/солист во проекти наменети за едукација на деца во областа на музиката со 5 различни циклуси - проекти на режисерката Урсула Хорнер. Меѓу позначајните солистички настапи и се: изведба на мотетот „Stabat Mater“ од Џ. Перголези и сoлист со Балканаската Филхармонија од В. Николовски.
Режисерски и мултимедијални проекти: - Две детски претстави: „Операта на шумските животни” и „Роденденот на принцезата Ева” во својство на режисер, сценарист и целосно осмислување на проектите наменети за Македонската опера и балет –Скопје со реализирани импозантен број на изведби.
До 2024 годинa, како самостојни проекти надвор од матичната куќа, има реализирано повеќе од 2000 изведби на 46 различни свои сценарија и режии, повеќе мулти-медијални проекти реализирани во соработка со еминентни и афирмирани уметници.
МЕЦОСОПРАН
СОЊА ПЕНДОВСКА МАДЕВСКА
носител на епизодни улоги
СОЊА ПЕНДОВСКА МАДЕВСКА
Соња Пендовска Мадевска го завршила основното музичко образование во УОМО “Илија Николовски Луј-Скопје” отсек соло пеење-вокално инструментален отсек во класата на проф. Марија Николовска, а дипломирала на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек соло пеење, во класата на проф. Билјана Јовановска- Јакимовска.
За време на студиите учествувала и била една од главните улоги во првата македонска комична опера „Деспина и мистер Докс“ на композиторот Димитрија Бужаровски, со која што и настапила во Виенската камерна Опера со истата улога.
Во 2005 година се запишала на постдипломски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 2007 година е вработена во Националната опера и балет како хорист, а на сцената изведува и помали солистички улоги, како мајката во „Лидија од Македонија“, трето дете во „Волшебната флејта”, Мара во „Змејова невеста”.
Зема учество во мултимедијалниот проект „Воајер” дело на режисерот и писателот Златко Славенски, како и во мјузиклот „Пенелопе X“ од композиторот Никола Коџобашија, каде ја толкува една од клавните улоги, Кирка.
Истакнати улоги:
- Mама Лучија во „Кавалерија Рустикана”;
- Њања во „Евгениј Онегин”;
- Мајка во „Лидија од Македонија”;
- Фенена во „Набуко”;
- Клотилда во „Норма”;
- Мерцедес во „Кармен”;
- Алиса „Лучија од Ламермур”;
- Берта во „Севилскиот Берберин”;
- Кејт Пинкертон во „Мадам Батерфлај“
Соња Пендовска Мадевска била дел од многубројни концерти со Националната опера и балет, како и одржано солистички настапи низ целата земја, меѓу кои се истакнуваат:
- Солистички концерт при Национална Опера и Балет ,,Вечер под ѕвездено небо” (2021);
- Концерт ,,Звуците на тангото преку песната” во Центар за култура ,,Трајко Прокопиев”, Куманово (2021);
- Концерт во Прилеп во Културниот Дом ,,Марко Цепенков” (2022);
- Концерт по повод Василица (2023);
- Гостува во Белград во ,,Народно Позориште” со улогата Берта во ,,Севилскиот Берберин”;
- Гала оперски концерт во рамките на фестивалот Скопско лето (2023);
- Гала оперски концерт во театарот ,,Џинот Велес”, Велес (2023);
- Гала оперски концерт во Битола (2023);
- Гала оперски концерт во Прилеп (2023);
ТЕНОР
ЃОРЃИ ЦУЦКОВСКИ – тенор
Роден во Скопје во 1982 година.
- Дипломира на Факултетот за Музичка уметност во Скопје во класата на проф.Билјана Јовановска со највисока оценка 10 Cum Laude.
- Во 2006 година му е доделена стипендија од страната на CEE Music Teather од Виена, Австрија каде тоj специјализира оперско пеење кај професор Оливера Миљаковиќ .
-Во 2019 година завршува мастер студии по оперско пеење кај Маестро Борис Трајанов на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија.
Од 2007 година, Цуцковски е солист првенец во Македонската опера и балет и професор на факултетот за Аудио Визуелна Уметност – ЕСРА.
Во периодот од 2010 до 2014 година бил претседател на управниот одбор на Националната Опера и Балет како и уметнички директор на истата во периодот од 2014-2018.
Цуцковски е селектор на музичката програма на фестивалот ,,Охридско Лето“ во 2018 година. Во 2023 година е добитник на престижната награда ,,13 Ноември“ за афирмација на оперската уметност во државата и во странство.
Музичката критика во Македонија особено го поздравува неговиот ангажиран сценски влог и „движења кои ги претставуваат емоционалните промени кои ги следат карактерите“.
Неговото прво интернационално гостување е во 2006 година во Teatro Comunalle Cosenza – Италија во улогата на Моностатос во Моцартовата ,,Волшебната флејта“. Учествувал на концерти во Хамбург и Берлин по повод Денови на македонската култура во Германија во 2006 година, како и во Швајцарија, Австрија (Виенска Филхармонија–Musikverein, на хуманитарен концерт за децата во Етиопија 2007 година, јубилеен концерт на КМС Оливера Миљаковиќ 2009 година, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Русија, Португалија, Германија (концертна турнеја во Франкфурт), Италија (Концерт во Медеа за „Мир во Светот“, 2009 година). Аспендос, Турција (со улогата на Војводата од Мантова во „Риголето“ во 2010 година). Во декември 2010 настапува во улогата на Алфред (Травијата) во Операта во Осака, Јапонија. Како Лебедот во „Кармина Бурана“ во Безие, Франција. Во 2012 година Цуцковски настапуваше на концерт со Сливенска Филхармонија, Бугарија. Во 2013 со улогата на Војводата од Мантова во „Риголето“ настапи во Националниот Театар во Белград, Србија и во Аспендос, Турција. 2013 имаше гостување на МОБ со гала оперски концерт во Џакарта, Индонезија од кој Цуцковски е дел. Во април 2014 година Цуцковски настапи во Бугарија со Софиската Филхармонија, пееше Моцартов „Реквием“ и во јули 2014 година беше дел од два гала концерти со Дубровничката Филхармонија во Дубровник, Хрватска, a во Ноември настапи во Токио, Јапонија изведувајки ја ,,9 симфонија’’ од Л.В.Бетовен. Во 2015 година настапува во ,,Teatro Politeama Greco“ - Лече, Италија и ,,Teatro Verdi“ - Бриндизи, Италија во 8 престави како Исмаил во ,,Набуко“ и Пинкертон во ,,Мадам Батерфлај“. Во септември 2015 настапува на голем Гала концерт на ,,Belini festival“ во Античкиот Театар Таормина-Сицилија. Истиот месец зема учество на голем Гала концерт ,,Corean National Art Center“ во Сеул, Кореа. Како Маурицио во ,,Адријана Лекуврер“ во 2015 година настапува во Националната опера во Софија и Националната Опера во Варна. 2016 има соло рецитал во Њујорк, САД. 2017 одржува солистички рецитал со престижната Шангајска Филхармонија, Шангај, Кина. Истата 2017 е добитник на златен медал на музички фестивал во Хи-Ан, Кина. Во 2018 одржува солистички рецитал во Авалино, Италија, потоа следува продукција на ,,Набуко“ во Teatro Coccia во Новара, Италија, Моцарт Реквием во Белано - Лаго ди Комо Италија.
Цуцковски настапува во улогата на Пинкертон во ,,Мадам Батерфлај“ на престижниот Пучиниев фестивал во Торе ди Лаго, Италија. Во 2019 Цуцковски одржува концерт со познатиот сопран Инва Мула во рамките на фестивалот Охридско Лето како и гала концерт со Истанбулскиот симфониски оркестар во Истанбул, Турција, истата година. 2022 година гостува во Македонската Филхармонија исполнувајки го Праиснеровиот Реквиеам, а подоцна истата година гостува на гала оперски концерт во Националниот Театар во Нови Сад, Србија.
Во март 2024 година зема учество на голем Пучиниев гала концерт во познатата сала ,,Коларчева задужбина“ во Белград – Србија, а во април истата година настапува како солист во Моцартовиот реквием во Гросето – Италија.
Цуцковски настапувал во: Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Русија, Португалија, Германија, Австрија, Швајцарија, Италија, Албанија, Индонезија, Јапонија, Хрватска, Кореа, САД.
На неговиот репертоар во Македонската Опера и Балет се улогите: Радамес (Аида), Војводата од Мантова(Риголето), Рикардо (Бал под маски), Алфред (Травијата) Форесто (Атила), Габриел Адорно (Симоне Боканегра), Родолфо(Боеми), Калаф(Турандот), Луиџи (Плаштот), Дон Хозе (Кармен), Канио (Паљачи), Туриду (Кавалерија Рустикана), Едгардо (Лучија од Ламермур), Неморино (Љубовен напиток), Тамино (Волшебната флејта), Питер Квинт (Свртувањето на Шрафот) Џуџето во истоимената опера, Ајзенштајн (Лилјакот), Камијде Росион (Веселата Вдовица), Едвин (Војвоката на чардашот), Лебед (Кармина Бурана), Уриел (Ораториум), Тимотеј (Лидија од Македонија), Полионе (Норма)…
Цуцковски настапувал со еминентни странски диригенти како Џанлука Мартиненги, Валерио Гали...а од големите имиња со кој ја делел сцената е Даниела Деси, Џована Казола и Цветалина Василева.
БЛАГОЈ НАЦОСКИ – тенор
Изминатите години бележи огромни успеси во Миланска Скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија, како и на светската премиера на операта „Страв“ каде ја толкува главната улога во Новара, Италија.
Кариерата на Нацоски започнува во 2003 со настапот на сцената на Римската Опера, како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри низ целиот свет како „Сан Карло“ во Неапол, „Реџо“ во Парма, Операта во Каљари, „Верди“ во Трст, „Карло Феличе“ во Џенова, оперите во Сасари, Цирих, Минхен, Франкфурт, Штутгарт, Брисел, Торонто, Сиетл, Прага, Лимож, Гран Театарот во Екс Ан Прованс, Театарот Бунка Каикан во Токио, Сантори Хол во Токио, Рјутопиа Центарот во Ниигата, Национална Опера во Варшава, Градскиот Театар во Клагенфурт, Националната Моравска Опера во Острава, како и Фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил, пеејќи ги главните тенорски роли во оперите „Дон Џовани“, „Така прават сите“, „Волшебната флејта“, „Грабнување од Сарајот“, „Сонот на Скипион“ од Моцарт, „Севилскиот бербер“, “Италијанка во Алжир“, „Турчин во Италија“ од Росини, „Дон Пасквале“ од Доницети, „Месечарка“ од Белини, „Свртување на штрафот“ и „Сонот на летната ноќ“ од Бритн, Вердиевите „Отело“ и „Фалстаф“, „Ромео и Јулија“ од Гуно, „Славеј“ од Стравински и „Аријадна на Наксос“ од Р. Штраус.
Нацоски има снимено неколку ДВД, и тоа „Сонот на Скипион“ за Дојче Грамофон и „Аријадна на Наксос“ за ТДК и ЦД на „Лучија од Ламермур“ за Динамик, „Ромео и Јулија“ заедно со Андреа Бочели за ДЕКА, “Зенобија во Палмира“ за Бонџовани и Те Деум од Флавио Колусо за МР Класикс. На 27 јануари излезе и ДВД и Блу-Реј од претставата „Турандот“ од Миланска Скала повторно за ДЕККА.
Во 2008 е прогласен за „Амбасадор на македонската култура во Италија“, а во 2016 година доби и признание „Човек на годината“ од весникот Нова Македонија.
Благој освен оперската музика ја негува и концертната дејност. Во текот на месец февруари 2018 го изведе циклусот „Зимско патување“ од Франц Шуберт со голем успех а го репризираше во Рим и Александрија, а неодамна ги изведе Љубовните валцери од Шуман и Брамс на Велигденскиот фестивал во Монтепулчано. Во 2018 дебитираше во Грузија и во Русија, каде беше награден за „мајсторската изведба“ на улогата Алмавива во Росиниевиот „Севилски бербер“. Неговата преполна агенда во следните две години предвидува настапи во Јапонија, Бари, Трст, Палермо, Тенерифе итн.
ЗОРАН СОТИРОВ – Тенор
Зоран Сотиров, оперски солист, е роден во 1970 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во класата на професор Благоја Николовски. Своето образование го продолжил во Белград, Србија, во класата на професорката Бисерка Цвејиќ, и во Загреб, Хрватска, со професорот Стојан Стојанов Ганчев.
Сотиров дебитирал во 1999 година во улогата на Родолфо во „Боеми“ на „Мајските оперски вечери“.
Неговиот богат репертоар вклучува многу значајни оперски улоги, како што се:
- Едгардо во „Лучија од Ламермур“;
- Каварадоси во „Тоска“;
- Туриду во „Кавалерија Рустикана”;
- Дон Хозе во „Кармен“;
- Алфред Жермон во „Травијата“;
- Исмаил во „Набуко“;
- Пинкертон во „Мадам Батерфлај“;
- Војводата од Мантова во „Риголето“;
- Радамес во „Аида“;
- Алваро во „Моќта на судбината“;
- Фауст во „Фауст“;
Покрај улогите во оперите при Националната Опера и Балет, Зоран Сотиров редовно настапува на гала оперски концерти, каде што ја освојува публиката со својата интерпретација и вокални способности.
БАРИТОН
МАРЈАН ЈОВАНОСКИ – баритон
Роден е во 1976 година во Прилеп, Република Македонија, каде што го завршил основното образование и нижата музичка школа, со инструмент пијано под водство на нас. Миле Стојкоски.
Од 1991 до 1995 година го посетувал среднато музичко училиште во Битола со инструмент виолончело кај професорот Панде Тунтевски, а талентот за соло пеење го открил професорот Пеце Митревски.
Од 1998 до 2002 година студирал на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, отсек Соло пеење кај Проф.Иванка Нинова. Како одличен студент настапува на многу концерти и музичко сценски дела како во Академијата така и надвор од неа.
Во 2002 година дебитирал во „ Македонска Опера и Балет“ во улогата на Мазето во операта „Дон Џовани“ на Моцарт, а потоа и во „Лидија од Македонија" на Ристо Аврамовски, во улогите на Цезар и Ангел.
Од 2002 до 2004 година живеел и работел во Виена, Австрија, настапувајќи како хорист на познатиот фестивал „Кланг Боген“ во најстариот Виенски театар „Андервин“.
Во 2006 година специјализирал соло пеење кај еден од најпознатите бугарски басови, Маестро Никола Гјузелев, кадешто го усовршил максимално вокалното мајсторството на оперското пеење.
Во 2016 година магистрирал на Националната музичка академија во Софија, кај проф. Илка Попова.
Од 2007 година е главен солист на Државната опера Бургас, Бугарија, каде што ја започнал својата солистичка кариера. Во краток временски период совладува многубројни главни баритонски улоги.
Од 2008-2010г одржува турнеја низ Америка: Балтимор,Вашингтон,Дејтона ,Нејпалс,Лос Анџелес, Нју Џерси, Нју Јорк, Лас Вегас, Бостон, Тампа, Атланта , Ричмонт, Вичита итн, каде што ги толкува главните улоги: Марчело, Амонасро, Тонио , Алфио, Ескамило во оперите „Боеми" - Џ.Пучини, „Аида" - Џ.Верди, „Кавалерија Рустикана" -П.Маскањи, „Паљачи" - Р.Леонкавало, „Кармен" - Ж.Бизе.
Во 2008г учествувал на натпреварот за млади оперски пеачи „Масимо Белли" во Градот Сполето, Италија, каде што добива награда за Вердиев баритон (Baritono Vero)
Од 2009-2012 бил редовен гостин во операта Марибор, Р.Словенија, каде што дебитирал во главните улоги на Принц Елетски „Пикова Дама" - П.И.Чајковски, Дон Калос од Варгас „Моќта на Судбината” - Џ.Верди , Скарпија „Тоска” - Џ.Пучини и многубројни концерти .
Во 2010г учествувал на натпреварот за млади оперски пеачи „Гена Димитрова” во Плевен Р.Бугарија каде што освоил втора награда.
Истата година гостувал на фестивалот „Крижанке” во Љубљана каде што настапувал со една од најдобрите Мецосопрани на сите времиња Елена Обрасцова ,исполнуваќи ја улогата на Принц Елетски во „Пикова Дама” од П.И.Чајковски.
Во 2010 година дебитирал во улогата на Набуко во истоимената опера на Џ. Верди, настапувајќи на отворени сцени во Штудгарт, Ханау, Штатлон, Баден Баден каде што паралелно пеел многубројни концерти и ја играл главната улога на Амонасто во „Аида” од Џ.Верди.
Во 2013 година гостувал во Националната опера во Сараево, толкувајќи ја главната улога на Жорж Жермон во „Травијата” од Џ.Верди.
Од 2014 г. се вработува како солист-првнец во „Македонска Опера и Балет” каде што сериозно го презема баритонскиот репертоар и успешно се презентира пред македонската публика.Зема учевство во редовниот оперски репертоар, претставите и премиерите што се изведуваат на фестивалот „Мајски Оперски Вечери”.
Во 2017г гостувал во Астана Опера, Казакстан, толкуваќи ја главната улога на Барон Скарпија во операта „Тоска” од Пучини, каде што режијата е на најголемиот режисер на сите времиња Франко Зиферели.
Во 2022г гостувал во Народно Позориште Београд и настапувал во главната улога на Марчело во „Боеми” од Џ.Пучини, во рамките на иницијативата Отворен Балкан.
Од 2007 до денес, учествувал на многу оперски фестивали како што се:
„Мајски Оперски Вечери“ - Скопје, Македонија;
„Крижанке“ - Љубљана ,Словенија;
„Емил Чакаров“ - Бургас, Бугарија;
„Моцартови празници“ - Правец, Бугарија;
„Антички театар Пловдив“ - Бугарија;
„ Сцена на вековите Царевец „ во Велико Трново, Бугарија;
„Варненско лето“ во Варна, Бугарија;
Опера Стара Загора, Операта во Русе, многукратно гостува во Национална Софиска Опера во Р.Бугарија, Националната Опера во Сараево, БИХ и Народно Позориште Београд, Србија.
Во 2024 г. гостуваше во Национална Софиска Опера каде што ја толкуваше главната улога на Набуко во операта „Набуко“ од Џ.Верди, каде што извојува голем триумф и на високо ниво ја претстави својата оперска куќа и државата.
Оперските критичари за него пишуваат критики опишуваќи го комлетно неговото гласово и техничко владеење, прецизност , умешност, експресивна интерпретација и креативна визија.Многу од италјанските и словенските критичари неговиот длабок и моќен глас го споредуваа со старите италјански баритони од минатото поколение. Музичката критика во Р.Бугарија за неговиот настап во насловната улогата на вавилонскиот крал Набуко во истоименатата опера од Џ.Верди пишува
„Марјан Јованоски во улогата на Набуко направи незаборавен спектакал. Со својот длабок и моќен глас ,тој успеа да ја предаде бурата од чувства на ликот, додека преминуваше преку сложениот, емоционален и морален конфликт. Јованоски демонстрираше не само техничко совршенство, но и сериозно сценско присуство, со кое ја потцртуваше неговата способност да му внесе реалност и човечност на легендарниот вавилонски крал. Тоа беше еден редок момент, кога вокалната моќ и актерското мајсторство се сливаат во полна хармонија“.
Неговиот репертоар ги вклучува улогите:
- Набуко во „Набуко“
- Риголето во „Риголето“
- Симон Боканегра во „Симон Боцанегра“
- Дон Карлос од Варгас во „Моќ на Судбината“;
- Гроф Луна во „Трубадур“;
- Маркиз Поза во „Дон Карлос“;
- Ренато во „Бал под Маски“;
- Ецио во „Атила“;
- Жорж Жермон во „Травијата“;
- Амонасро во „Аида“;
- Скарпија во „Тоска“;
- Марчело во “Боеми“;
- Шарплес во „Мадам Батерфлај“;
- Тонио во „Паљачи“;
- Алфио во „Кавалерија Рустикана“;
- Ескамило во „Кармен“;
- Мишонет во „Адријана Лекуврер“;
- Фигаро во „Севилски Бербер“;
- Енрико во „Лучија од Ламермур“;
Соработката со реномирани режисери и диригенти, како и солисти со меѓународна репутација, дополнително ја потврдува неговата извонредна уметничка кариера.
РИСТЕ ВЕЛКОВ – Баритон
Ристе Велков е еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти. Роден е во 1975 г. во Скопје, Република Македонија. Како реномиран солист–ПРВЕНЕЦ на Македонската Опера и Балет,тој претежно настапува во Bellcanto продукции, со што го заслужува и оправдува епитетот- италијански баритон со кадифена боја.
Средно музичко училиште Завршува во Илија Николовски – Луј во Скопје,во 1994 година,во класата на проф. Марија Николовска, смер: соло-пеење. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје,во 1999 година во класата на м-р проф. Милка Ефтимова, смер: соло-пеење. Магистрира со највисока оцена Cum Laude во 2011 година на истиот факултет ФМУ, во класата на м-р проф. Билјана Јовановска Јакимовска, смер: соло-пеење. Во периодот 1995-2000 година,основите на оперското пеење ги стекнува и изучува кај македонскиот тенор Гога Трајанов.Се надоградува кај драмскиот тенор Стојан Стојанов Ганчев од Загреб,кај познатаите италијанските вокални педагози Антонио Бојер и Мирела Паруто, и кај светски познатиот романски баритон Николај Херлеа.Од 2001 до 2017 година,специјализира на усовршување на вокалната техника, и изработува поголем број на водечки баритонски улоги во приватното оперско студио на легендарниот и почитуван мајстор во светски рамки,бугарскиот баритон Стојан Попов од Софија.
Во 1996 година како студент,дебитира во драмската претстава “Амадеус”, на сцената на Драмски Театар-Скопје.Во 1998 година Велков како студент дебитирал на 26-те Мајски Оперски Вечери на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје,со улогата на Маруло во Риголето. Во 2009 година дебитирал на матичната сцена во Македонската Опера и Балет во Скопје со водечката улога на Набуко во Набуко.Во 2016 година настапува во продукцијата на Tokyo Opera , со улогата на Џ.Жермон во Травијата, во Performing Arts Center Ryutopia во Ниигата,Јапонија.
Во 2017 година настапува со солистички рецитал во Музеј куќата за музика-Борис Христов во Софија, Бугарија.
Велков успешено гостува во Јапонија, Србија, Романија, Турција, Бугарија, а настапува скоро на сите истакнати домашни фестивали, манифестации и настани: Охридско лето, Скопско лето,Штипско лето,Есенски Музички свечености,Мајски Оперски Вечери-Скопје, Интерфест- Битола итн.
Во текот на неговата кариера, Велков има реализирано 26 улоги.Во неговиот репертоар има остварено повеќе од 15 водечки улоги :
G.VERDI:
Nabucco - “Nabucco”
Rigoletto - “Rigoletto”
Macbeth – “Macbeth”
The Count Luna – “Il Travatore”
Germont – “La Traviata”
Don Carlo di Vargas – “La Forza del Destino”
Amonasro – “Aida”
Ezio – “Attila”
DONIZETTI: Enrico – “Lucia di Lammermoor”; Belcore – “L’Elisir d’Amore”
BIZET: Escamillo – “Carmen”
C.GOUNOD: Valentin – “Faust”
PUCCINI: Shaunard –“La Boheme”
MASCAGNI: Alfio - Cavalleria Rusticana
LEONCAVALLO: Silvio – “Pagliacci”
HUMPERDINCK: The Father Petar- “Hansel and Gretel”
GLINKA: Sigizmund King of Poland- “Ivan Susanin”
KIRIL MAKEDONSKI: Ognen- „Tsar Samuil“ ; Vangel- „Ilinden“
БАС
ИГОР ДУРЛОВСКИ – Бас
Дурловски е роден во Битола, Македонија во 1977 година. Дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје со највисоката оцена "Cum Laude". Дебитира во Македонската опера и балет во 1999 и има учествувано во петнаесетина нови продукции. Неговата интернационална кариера започнува во 2001во „Wiener Kammeroper“ како „Nonacour“t во „Il cappello di Paglia di Firenze“, а следуваат улогите на „Pluto“ во „Ballo delle Ingrate“ и „Plutone“ во „Euridice“. Во сезоните 2009/2011 настапува во „Staatstheater Kassel“ во Германија каде остварува десет нови продукции. Во 2013 дебитира во „Oper Leipzig“ како „Groma/FeenKönig“ во вагнеровата опера „Die Feen“ а истата година е изведувана и на еден од најголемите светски фестивали во Бајројт. Во 2014 дебитира во „Landestheater Linz“ во Австрија со улогата на Зарастро а следната година во „Staatstheater Stuttgart“ со „Aniceto“ во операта „Berenike“. 2016 настап со улогата на „Timur“ во "Turandot" во Макао -Кина а следната година со „Aida“ во операта во Хонг Конг. Настапувал со белградска, софиска, македонска и московска филхармонија во дваесетина држави на повеќе континенти.
ВЛАДИМИР САЗДОВСКИ – Бас
Владимир Саздовски дипломирал на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија, во класата на доц. Нико Исаков, а потоа остварува двегодишна специјализација во Виена на Државниот универзитет за музика и уметност како стипендист на CEE Musiktheater.
Магистрирал во класата на маестро Борис Трајанов. Во 2006 година дебитирал во Македонската опера и балет во операта „Волшебната флејта“ како Свештеник, Говорник и Втор маж во оклоп, а истата година ја пеел и улогата на Фараонот во операта „Аида“ за отворањето на 34 „Мајски оперски вечери“.
Во Schlosstheater во Виена дебитирал во операта „Дон Џовани“ во улогата на Комендаторе.
Неговиот репертоар, меѓу останатите, ги вклучува улогтите:
Али во операта „Италијанка од Алжир“;
Спарафучил во „Риголето“;
Зарастро, Свештеник, Човек во оклоп и Говорник во „Волшебната флејта“;
Дулкамара во „Љубовен напиток“;
Рамфис и Фараон во „Аида“;
Падре Гуардиано во „Моќта на судбината“;
Тимур во „Турандот“;
Лепорело и Командаторe во „Дон Џовани“;
Мефисто во „Фауст“;
Лутер и Креспел во „ Хофманови Приказни“;
Рајмондо во „Лучија ди Ламермур“;
Јакопо Фиеско во „Симон Боканегра“;
Банко во „Макбет“,
Ферандо во „Трубадур“;
Принц Гремин во „Евгениј Онегин“;
Колин во „Боеми“;
Дон Базилио во „Севилскиот берберин“;
Оровезо во „Норма“;
Труфалдино во „Ариадне од Наксос“;
Самуел во „Бал со маски“;
Алфонсо во „Така прават сите“;
Осте и Серџенте во „Манон Леско“;
Во Во 2011 година гостува во националната опера на Тирана во операта „Волшебната флејта“, а во 2012 гостува во операта „Љубовен напиток“, исто во Тирана. Истата година (2012) настапува во улогата на Спарафучил во „Риголето“ во Њигата и има концерт во Токио.
Настапува во мултимедијалниот проект „Ромео и Јулија“ за отварањето на Охридско лето и како солист во изведба на Вердиевиот „Реквием“ на Летните игри во Дубровник. Надвор од матичната сцена во МОБ настапува во Џакарта, на концерт посветен на 20 години билатерални односи помеѓу Македонија и Индонезија, во Софија со Софиската филхармонија по повод 85 годишнината од постоењето на оркестарот, а на покана на бароницата Фон Гутенберг која е воедно и диригент, учествува во изведба на Деветтата симфонија на Бетовен во Германија како и во операта „Травијата“ во улогата на Барон Дуфол во Минхен и во Софија (Бугарија).
Од 2017 започнува соработка со агентот Марио Дради. 2017 настапува во улогата на Лепорело во операта „Дон Џовани“ со театарот Сан Карло од Наполи во Опера Дубаи по што следат настапите во Сасари (Сардинија) во „Турандот“. Во Театро Верди - Трст и во
Театро Нуово Џовани – Удине во улогата на Принц Гремин во операта Евгениј „Онегин“.
Дебитира во улогата на Ферандо во операта Трубадур во Театро Верди во Трст. Дебитира во Тратарот Сан Карло - Наполи во операта Лејди Макбет од областа Мценска во улогите на Факторот и Полицаец.
На отворањето на Мајските оперски вечери во 2018 дебитира во улогата на Колин во операта Боеми, а истата година на Охридско лето настапува во Радомирови псалми од Димитрије Бужаровски. Во театарот Сан Карло во Наполи настапува во операта Боеми во улогата на Колин. Настапува во Teatro Regio Torino во операта Дон Кеко во улогата на Роберто.
Во 2022 настапува во Аурора Малта-Гозо во операта Аида во улогата на Рамфис.Во Teatro Comunale di Bologna во настапува во операта Ариадне од Наксос во улогата на Труфалдино и во операта Норма во улогата на Оровезео. Во Хонг Конг The Grand Theatreнастапува во операта Боеми во улогата на Колин. Во белградско народно позориште настапува во операта Севилскиот берберин во улогата на Базилио.Во Teatro Verdi di Trieste настапува во операта Ариадне од Наксосво улогата на Труфалдино. Настапува на отварањето на летната сезноа наTeatro dell’opera di Roma (Caracalla) во операта Тоска во улогата на Анџелоти. Следни настапиму се во операта Боеми во улогата на Колин во Македонската опера и балет и во Teatro Regio di Torino во операта Пикова дама во улогата на Сурин.