БАЛЕТСКИ СОЛИСТ – ПРВЕНЕЦ
ВАСИЛ ЧИЧИАШВИЛИ
Васил Чичиашвили е роден во Ахмета, Грузија. Своето балетско образование го стекнал на државното кореографско училиште Вахтанхг Чабукиани во Тбилиси, Грузија.
Од 1993 до 1997 година бил првенец во Опера и Балет Тбилиси, Грузија;
Од 1997 до 2002 година бил првенец во Опера и Балет Мерсин, Турција;
Од 2002 до 2007 година станува првенец во Македонската Опера и Балет;
Од 2007 до 2012 година бил првенец во Опера и Балет Тбилиси, Грузија;
Од 2012 година е првенец во Македонската Опера и Балет;
Имал бројни улоги кои ги вклучуваат:
- Алберт во „Жизел“;
- Басил во „Дон Кихот“;
- Принц Зигфрид и Родбарт во „Лебедово езеро“;
- Ромео во „Ромео и Јулија“;
- Фрондосо во „Лауренсија“;
- Жан де Бриен; Абдурахман во „Рајмонда“;
- Принц во „Оревокршачка“;
- Конрад; Али во „Корсар“;
- Солор во „Бајадерка“;
- Принц Десире во „Заспаната убавица“;
- Феб; Клод Фроло во „Есмералда“;
- Арманд во „Маргарита“ и Арманд (Ф. Ештон)
- Арман во „Дамата со камелии“;
- Златен роб во „Шехерезада“;
- Самсон во „Самсон и Далила“ (Р. Савковиќ);
- Порги во „Порги и Бес“ (М. Лавровски / Н. Магалашвили);
- Горда во „Горда“;
- Каренин во „Ана Каренина“ (Л. Мујиќ)
- Александар во „Александар“ (Р. Савковиќ)
- Тар во „Танго“ (С. Ивелинов)
- Либертанго
- Чаконе (Џ. Баланчин)
- Серенада (Џ. Баланчин)
- Western Symphony(Џ. Баланчин)
- Моцартиана (Џ. Баланчин)
- Бугаку (Џ. Баланчин)
- Лела (А. Ратмански)
- Сагалобели (Ј. Посохов)
- Stepping Stones (Ј. Килијан)
- Ташула (В. Логунов)
Со балетот на Грузија гостувал на бројни познати фестивали и интернационални сцени.
На покана на Шведскиот кралски балетски солист (принц Зигфрид) на турнеата во Р. Кина настапувал во балетот „Лебедово езеро“.
Носител е на наградата Орден на достоинство на Грузија.
ФРАНЦИСКО ХОЗЕ ГИМЕНЕЗ РУИЗ
Франциско Хозе Гименез Руиз е балетски играч солист роден во 1996 година во Алмерија, Шпанија. Неговата заинтересираност за танцот се развила од рана четири годишна возраст.
Својата танцова авантура ја започнал во малата танцова школа во соседството. На 8 години се запишал во професионалниот конзерваториум за танц „Кина Хименез“, каде што ја открил својата страст кон балетот и каде што ги изучувал основните и професионалните танци, вклучувајќи го шпанскиот танц (основно ниво) и современиот танц (средно ниво).
Со навршени 18 години се преселил во Мадрид за да ги заврши студиите по визуелни уметности и танц во Универзитетскиот институт за танц „Алисија Алонсо“,
кој е поврзан со Универзитетот „Реј Хуан Карлос“, каде што дипломирал со највисоки оценки.
За време на овој четиригодишен период, имал можност да учи од големи кубански и шпански мајстори. Паралелно, започнал да настапува во своите први главни и солистички улоги, стекнувајќи големо сценско искуство.
По овој период, ја започнал својата професионална кариера, а првата опера во која работел била Државната опера во Варна (Бугарија).
Таму изведувал голем број улоги како балетски играч солист. За време на овој период, имал можност да учествува во две турнеи низ Обединетото Кралство,
првата во сезоната 2018-2019, а втората во сезоната 2019-2020, со Рускиот државен балет од Сибир, каде што исто така бил балетски играч солист.
Од 2022, тој е член на Националната опера и балет во Скопје, каде што продолжува да ја развива својата професионална кариера.
Репертоарски улоги: „Лебедово езеро (принцот Зигфрид)“, „Oревокршачка (принц)“, „Заспаната убавица (Принцот Дезире и принцот на Пепелашка)“, „Жизел (Алберт)“, „Дон Кихот“, „Есмералда“, „Пепелашка“, „Рајмонда“, „Дамата со камелии“, „Силфида“ и др.
Гала настани и турнеи: UNESCO International Gala (Шангај), International Dance Day Gala (Сан Себастијан), 35o Mundial Congress of ITI Gala (Сеговија), Internationl Dance Day Gala (Сан Себастијан) итн.
ИСТАКНАТ БАЛЕТСКИ СОЛИСТ
ИВАНА КОЦЕВСКА
Ивана Коцевска е балетски уметник, кореограф и магистер по балетска педагогија. Работи како истакнат солист во Националната опера и балет и како хонорарен соработник/асистент на Факултетот за музичка ументост.
Основно балетско и средно образование завршува во државното училиште „Илија Николовски - Луј“ во Скопје, Македонија во класата на Соња Здравкова Џепаровска. Од 2001 година е вработена во Националната Опера и Балет на РСМ и повеќе од 20 години е дел од овој ансамбл. Во 2002 година добила можност да биде дел од Националниот балет на Украина „Тарас Шевченко“ како стажист кај реномираниот педагог/репетитор Елеонора Михајловна Стебљак. Покрај ансамблови настапи, премиерно ја изведе улогата на Мирта во балетот „Жизел“. Изведува солистички и главни улоги во балетските претстави како што се „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Дон Кихот“, „Наполи“, „Самсон и Далил“а, „Кармен“, „Жизел“, „Серенада“, „Концерто Бароко“, „Есмералда“, „Шехерезада“, „Кармина Бурана“, „Конзерваториум (Бурнвил)“, „Силфида“, „Силфиди“, „Агонија на срцето (Галили)“ и многу други.
Има работено како гостин- солист во Националниот балет на Словенија, во Љубљана и Маинфранкен театарот во Вурцбург, по покана на директорката на балетот. Како кореограф соработува со докажани и реномирани уметници од независната сцена. На покана на филмскиот режисер Вардан Тозија, кореографира и работи со статистите како режисер на движење, каде и самата учествува како статист, на неговиот последен филм со наслов „М“. Овој филм е добитник на повеќе награди на интернационални филмски фестивали.
Кореографии: „Гравитација“- соло изведба на фестивалот Локомотива, „Шпајз“-премиернa изведбa на малата сцена на НОБ, „Жени со мустаќи, мажи без бради“ (Шпајз со барокна фасада), наменски направено за фестивалот за
феминистичка култура „Прво па женско“, „Жени на работ на нервен слом“ за истоимениот фестивал.
Нејзината прва голема продукција „Метаморфоза“ премиерно беше изведена на 3 јули 2018 година, на главната сцена на НОБ со поддршка на Министерството за култура на Македонија, во продукција на Дирекцијата за култура и уметност, Скопје. Паралелно соработувала со фотографот Сашо Н.Алушевски, инспириран од делото на Коцевска, во реализацијата на серија фотографии изработени со колодиум техника. Процесот трае околу една година и се реализира изложба во Кино Култура насловена „Метаморфози“. Со оваа изложба добиваат покана за учество во Подгорица, Црна Гора. Оваа изложба е дел и од победничките проекти на фестивалот за аналогна фотографија „Ротлихт“ во 2022 година. Коцевска со изведба на фрагмент од претставата „Метаморфоза“ беше дел од свеченото отворање на фестивалот и беше поздравена со овации нејзината изведба. Претставата „Кинцуги“, во соработка со БТКРШ како продуценти, премиерно е изведена на реномираниот фестивал за електронска музика Десонанс, со подршка од Гете институтот. А во 2020та е изведена на Танц фест. Трио „Моментум“- изведба на гала концерт на националниот балет.
За време на пандемијата во 2020 година , подржана од Министерството за култура реализира соло перформанс насловен „Дијалози“ каде прв пат користи аудио технологија и гејмерски сензори, музика КРОНОМ и техничка подршка на Џеф К.Бланко, Белгија. Создава дијалог на тело и звук.
Во 2021 настапува на фестивалот ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА -ДММ со своето дело под наслов “Chance Dance “ - аудио танцов проект(дует) кој е во истражувачки процес. Користи аудио технологија и гејмерски кинект сензори кои се репрограмирани да ги детектирaат движењата на телото и притоа да произведуваат одреден звук, така телото на танчерот е инструмент преку кој танчерот „компонира“ музика. Во мај 2022 со овој проект гостува во ПОГОН, Загреб.
Во 2023 е дел од продукцијата на НОБ за балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, по повод прослава 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов. Коцевска го кореографира првиот дел насловен „Раѓање“.
ЈАН КИСИЛЕВ ВЛАДИМИРОВИЧ
Кисилев Јан Владимирович е роден во 1982 година во СССР.
Во 2000 година дипломирал на Државната кореографска академија во Перм, Русија, во класата на В.В.Сидорова и А.Ф.Санина.
Откако дипломира, се вработува во Балетот на Јуриј Григорович како балетски солист.
Истовремено, решава да го прошири своето образование, па од 2000 до 2003 година студира на Државниот универзитет за култура во Краснодар, каде што дипломира како педагог по класичен танц.
Неговата кариера опфаќа бројни значајни моменти, вклучувајќи учество во меѓународниот проект од 16 претстави изведени во познатиот Мариински театар во Санкт Петербург.
Од 2003 до 2004 година бил ангажиран во Дрезден, Германија, а потоа, од 2004 до 2005, поминал една сезона во Националната опера и балет во Софија, Бугарија. Во 2005 година се сели во Република Северна Македонија, каде што редовно е вработен во Националната опера и балет во Скопје, каде што и денес работи.
За време на својата богата кариера, Јан Кисилев Владимирович толкувал многу истакнати улоги од класичниот балетски репертоар:
„Оревокршачка“ (Мавар, Арлекин, Дросермајер, Глувци, Војници, Руска игра, Па - Де- Труа, Кинеска игра), „Лебедово езеро“ (Па-Де-Труа, Пајачо-Шут, Мазурка, Шпанска игра), „Жизел“ (Селско Па-Де-Де), „Ромео и Јулија“ (Бенволејо, Мекуцио),„Есмералда“ (Квазимодо, Кралеви), „Кoрсар“ (Бербанто), „Раимонда“ (Двојка соло, Сарацини, Гранд-па, Четери Кавалери варијација), „Бајадера“ (соло индиски танц, златен роб и соло сарацини).
Јан, исто така, активно учествувал на бројни гала концерти, а соработувал со балетски менаџери од целиот свет и имал турнеи во Франција, Италија, Португалија, Чешка, Словачка, Шпанија, Хрватска, Србија, САД, Германија, Австрија и Шведска.
НАТАША ЈОСИФОВСКА
Наташа Јосифовска е родена во Скопје, а балетското образование го започнува на шестгодишна возраст во Сплит, Хрватска. Своето школување го продолжува во МБУЦ „Илија Николовски – Луј" во Скопје, во класата на проф. Ѓурѓица Јовановска. На 17 години ангажирана е во Балетот на Македонската опера и балет.
До 2002 година е солистка на Балетот при Македонската опера и балет, а во 2003 година станува истакната солистка. Од сезоната 2021/2022 година е ангажирана и како педагог/репетитор во Македонската опера и балет. Со МОБ остварила бројни гостувања во земјата и странство.
Наташа Јосифовска остварила значајни улоги, а некои од најистакнатите се:
- Pas de trois, Големи лебеди, Наполитанска невеста во „Лебедово езеро“;
- Улична танчерка, Повелителка, Цвеќарки, 1. варијација; Мерцедес во „Дон Кихот“;
- Мирта - кралица на Вилиси , две Вилиси, пријателки на Жизел во „Жизел“;
- Ѓулнар во „Корсар“;
- Саби во „Ташула“ (В. Лагунов);
- Бетси во „Ана Каренина“ (Л. Мујиќ);
- Градините на Алхамбра во „Огнени градини“ (Џ. Амар);
- Бела дама, двојки девојки во „Рајмонда“;
- Снегулка соло, Розов валс(соло) во „Оревокршачка“;
- Снежана во „Снежана и седумте џуџиња“;
- Вила, Пепелашка во „Заспаната убавица“;
- Fleur de Lys, 2. варијација во „Есмералда“;
- Олимпија во „Александар“ (Р. Савковиќ);
- Pas de quatre - Fanny Cerito (Perrot/Pugni);
- Црна Роза; Ета во „Танго“;
- Карменсита Калдерон во „Либертанго“;
- Пријателки во балетот „Македонска повест“;
- Девојка во балетот „Песна над песните“ (С. Зуровац);
- Пар во бело; Песна на земјата во дует во балетот „Песни за љубовта и смртта“ (М. Шпаренблек);
- Соло Силфида во „Ла Силфида“;
- Лисица во „Др.Офболи“;
- Пар борба во „Силјан повторно лета“ (Ј. Сланева);
- Констанца Вебер во „Златно перо“ (Д. Градишки);
- Пар - а - бол; Четири годишни времиња; Пастели (И. Шукарова)
- Акумулации (С. Гру);
- Девојка во „Врати“ (О. Панго);
- Девојка во „14 часа“ (И. Киров);
- Заспаните убавици (С. Евтимова);
СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА СРЕДНИ УЛОГИ
ХРИСТИНА НАЌЕВСКА
Христина Наќевска е родена на 12.1.1996 година во Скопје, Република Македонија.
Своето балетско образование го започнува на деветгодишна возраст во ДМБУЦ-„Илија Николовски Луј” во класата на проф. Анастасија Калиманоска, подоцна во класата на проф. Слаѓана Спасеновска.
Во 2010 година се запишала во средното државно балетско училиште во класата на проф. Сања Шутевска.
На концертите на балетското училиште учествува со варијации, а подоцна и падеде од класичниот балетски репертоар: „Оревокршачка”, „Лебедово езеро” и „Пахита”. Во меѓувреме, учествувала и на балетски натпревари. Додека е во средното балетско училиште активно учествува и во репертоарот на Националната опера и балет.
Во 2014 година матурирала во класата на проф. Сања Шутевска и станала редовен член на балетскиот ансамбл при Националната опера и балет.
По завршувањето на средното балетско училиште истата година, се запишала на „Факултетот за музичка уметност“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на катедрата за балетска педагогија – класичен балет. Дипломирала во класата на проф. Тања Вујисиќ Тодоровска во 2018 година и се стекнала со диплома - балетски педагог.
Во 2019 година станува солист на балетот при Националната опера и балет и активно ги игра сите соло улоги од репертоарот: „Лебедово езеро” (па де троа) „Жизел” (селско па де де), „Рајмонда”, „Есмералда” (Fleur de Lys), „Дон Кихот” (Китри и Цвеќарки), „Оревокршачка” (Клара), „Заспаната убавица” (принцеза Аврора и Сина птица па де де,), „Ана Каренина” (Кити), „Дамата со камелии”, „Кармен”, „Валпургиска Ноќ”, „Шехерезада”, „Кармина Бурана” (Оган), „Самсон и Далила”, „Либертанго”, „Клеопатра”, „Снежана и седумте џуџиња” (Снежана), „Петар Пан” (Ѕвончица, Венди), „Доктор Офболи”, „Ла Ла Ла”, „Госпоѓиците од Авињон” (Франсоаз Жило), „Пепелашка” (Пепелашка), „Болеро”, „Сага”, „Молитви на моето тело”…
Освен на матичната сцена, настапувала и на сцени низ Македонија и во повеќе меѓународни престижни театри: Талин (Естонија), Торино и Вербаниа (Италија), Белград (Србија), Софија, Пловдив, Варна (Бугарија).
Покрај во балетските претстави, учествувала и во оперските претстави како: „Евгениј Онегин“, „Аида“, „Травијата“, „Адријана Лекуврер“, „Турандот“ и други.
МИРОСЛАВ МИТРАШИНОВИЌ
Мирослав Митрашиновиќ е роден во Скопје , Македонија (18.02.1991), а своето основно балетско образование го стекнал во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј” - Скопје, каде го продолжува и средното образование, во класата на на професорите Душка Градишки Иванова, Киро Павлов и Горан Божинов. По завршувањето на средното балетско училиште, во 2008 година, станува редовен член на балетскиот ансамбл при МОБ. Активно учествува во сите балетски и оперски претстави од репертоарот на МОБ, а изведува и неколку солистички улоги.
Во 2019 година станува солист на балетот. Исто така, учествува и во голем дел од меѓународните гостувања на МОБ.
Во 2013/14 година се запишува на „Факултетот за музички уметности“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на катедрата за балетска педагогија – класичен балет, во класата на проф. Тања Вујисиќ Тодоровска. По дипломирањето, се стекнува со диплома за педагог на класичен балет.
Репертоар на балетски претстави:
„Лебедово езеро“, „Жизел„, „Рајмонда“, „Заспаната убавица“ – 4 кавалери, „Пепелашка“ – принцот“, „Црвенкапа и Волкот“, „Дон Кихот“, „Оревокршачка“ – Мавр, Арлекин, Шпански танц и па де троа, „Есмералда“ – Кралеви и Клод Фроло, „Дамата со камелии“ – 4 кавалери и Татко, „Ана Каренина“ – Стива и љубовниците; „Силфида“, „Корсар“ – Гранд Па, „Ромео и Јулија“; „Бурнонвил“ – Конзерваториум и Прозорeц; „Самсон и Далила“ – трио и Церемонијал мајстор; „Александар Македонски“ – четворка, „Кармен“ - Ескамиљо, „Валпургиска ноќ“; „Кармина Бурана“ – Земја, „Клеопатра“ – Апoлодор; „Либертанго“, „Триптих“ – Агонија на срцето и Софа; „Огнени градини“ – Аламбра, „Волшебна љубов“ – Хозе; „Шехерезада“, „Снежана и 7 џуџиња“ – Принцот, „Петар Пан“ – Џон, „Др. Офболи“, „Врати“, „Дива љубов“, „Изгубена верба“; „Филм“, „14 Часа“, „Црвената соба“, „Ла Ла Ла“, „Пепелашка“ – Принцот, „Сага“, „Молитви на моето тело“
Репертоар на оперски претстави:
„Аида“, „Травијата“, „Кармен“, „Турандот“, „Набуко“, „Мадам Батерфлај“
„Бал под маски“, „Аријадна Лекуврер“, „Орфеј и Евридика“, „Евгениј Онегин“, „Змејоваta невеста“, „Атила“, „Волшебната флејта“, „Риголето“.
Учество во драмски претстави и мјузикли при МНТ:
„Чикаго“, „Мама Миа“, „Три сестри од Чехов“, „Ромео и Јулија“, „Само глас“, „Тајно моја“.
ЗЕЈНЕПА ДИМКОВСКА
Зејнепа Димковска, родена на 12 октомври 1974 година, во Скопје, го стекнала своето средно балетско образование во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Факултетското образование го завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), на отсекот за балетска педагогија со фокус на класичен балет.
Од 1993 година е дел од балетските претстави (официјално вработена од 1996 година).
Солистички статус стекнува во 2000 година.
Избрани солистички улоги:
- „Корсар“ – ,,Grand Pas"– прва варијација;
- „Танцот на кадетите“ – натпреварувачка;
- „Лебедово езеро“ – ,,Pas de trois", три лебеди;
- „Оревокршачка“ – две девојки во првиот чин, соло девојка во вториот чин во ,Розев валс" и две соло девојки во ,Розев валс”, подоцна и во улога на мајка во првиот чин;
- „Дон Кихот“ – во улогата ,,Цвеќарки”;
- „Ана Каренина“ – прва варијација;
- „Жизел“ – двете вили во II чин,подоцна и во драмската улога ,,Бароница”;
- „Шехерезада“ – Одалиски;
- „Снежана и седумте џуџиња“ – Кралицата;
- „Доктор Офболи“ – во улога на лисицата и др.
Реализирала повеќе гостувања во организација на Националната опера и балет (НОБ): Тајван, Чешка, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Италија, Франција.
СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА ЕПИЗОДНИ УЛОГИ