waren mokВорен Mok, уметнички директор, продуцент, кинески тенор од Хонг Конг со истакната меѓународна кариера повеќе од 30 години. Магистрира во Менхетен  на Факултетот за музичка уметност во Њујорк и е еден од врвните тројца тенори во Кина. Во моментов е уметнички директор на Операта во Хонг Конг, гранд театарот „Fujian“ и „ Zhuahi Hua Fa Grandn Theatre“, а исто така, е посветен на музичкото образование на младата генерација, појавувајќи се како визитинг професор на Универзитетот на Оперската академија во Пекинг, „Xinan“ универзитетот и Шангајскиот музички конзерваториум, како и истакнат професор во Јужно Кинескиот универзитет. Ворен Mok добива Медал на честа од Владата на Хонг Конг во 2011 година и Светската кинеска награда во 2010 година. Во 2008 година, тој исто така беше награден со титулата „Витез на солидарноста на Италија“  од Владата на Италија, и „Витез на редот на уметноста и пишаниот збор“ од француската влада. Сите награди се во  чест на неговиот придонес за културната размена меѓу Хонг Конг, Италија, Франција и Кина. Во 2015 година му беше доделена награда за десетте светски најдобри  Кантонци, а во 2016 година тој ја доби наградата за еден од најистакнатите кинези  во Пекинг.

Од Европското деби во 1987 година на Дојче операта во Берлин, Mok гостува низ целиот свет, вклучувајќи ги Франција, Италија, Австралија, Аргентина, Холандија, Данска, Португалија, Америка, Полска, Русија, Шпанија, Ирска, Билбао, Норвешка, Латвија, Англија, Нов Зеланд и др.

Неговиот оперски репертоар надминува 60 улоги, вклучувајќи го Калаф (Турандот), Каварадоси (Тоска), Родолфо (Боеми), Дон Хозе (Кармен), Рикардо (Бал под маски), Радамес (Аида), Војводата (Риголето), Алфредо (Травијата) , Дон Карлос, Ромео, Фауст, Вертер, и многу други.