По се изгледа дека денес сите жени вработени во “Македонската опера и балет” повеќе од се, се пријатно изненаденеи од вниманието на нивниот нов Директор, Господинот Ќазим Асотиќ, а по повод 8-ми март Денот на жената. Тој на секоја припадничка на понежниот пол поединечно и подарил по една црвена роза. Меѓу нив се најде и дивата Серафина Фантаузо која не ја крише големата радоста, па на својот фб-профил кусо напиша: “Ова е за првпат за моето работење во МОБ некој Директор вака да ги пречека сите жени за 8-ми март”.

Па, убаво, убаво Директоре Асотиќ. Дали се тоа вродени џентлменски манири или е тоа од познатото “бечко школо”, останува да видиме и во некоја наредна прилика. Во секој случај, браво за Вас Ќазим!!!
Превземено од “вечер прес“ – Д.Миќиќ