Професорот и продекан на ФМУ Скопје, м-р Васо Ристов е избран за генерален директор на Националната установа Национална опера и балет – Скопје.
Истакнат уметник и културен работник, добро познат на домашната и меѓународната музичка јавност, кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера.
М-р Ристов дипломирал на факултетот за музичка уметност, Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, магистерските студии ги продожува на музичката академија Панчо Владигеров – Софија, Република Бугарија , а потоа и специјализација (1994 – 1995) на Факултет за музичка уметност – Прага, Република Чешка.
Долгогодишно искуство во менаџирање на оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревари. Искусен и високо квалификуван за планирање и реализација на претстави, музички концерти, натпревари и работилници, спроведување на аудиции за нови таленти и вработени во ансамблите. Поседува докажани способности за водење на хорови, симфониски оркестри и разни музички состави.
Педагог со 33 години стаж во сценско музичката дејност во Република С. Македонија (1998 до денес) и развивање на кадри за музичката култура во земјата и надвор од неа.
Од 1986 до 2010 е редовно вработен во Националната опера и балет како прв трубач- солист, потоа Уметнички Директор на операта на НОБ (2005 – 2006), кој развива, организира и координира спроведување на музички програми и репертоарска политика на музички институции и на ФМУ – Факултетот за музички уметности – Скопје.
Продекан за настава на ФМУ Скопје Универзитет Св.,Кирил и Методиј (2016 – до денес).Организира настава, испити, концерти и натпревари за млади музичари.
Актуелен музички селектор на фестивалот Охридско лето 2018, член на Здружението на музичко балетски педагози на Република С. Македонија (2001- до денес), претседател на асоцијација на дувачки оркестри во Македонија (2017 до денес) и член на асоцијацијата за југоисточна Европа за дувачки оркестри (2017 до денес).
М-р Ристов има стекнато доверба како професор на пет универзитети во Македонија и надвор од неа: Факултет за музичка уметност, Скопје, Државен Универзитет Тетово, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Универзитет во Приштина и Факултетот за уметност во Митровица.