- This event has passed.

НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
,,СКЕНДЕРБЕГ,,
ФАТОС ЛУМАНИ
23.12.2019, САЛОН НА НОБ, 20.00
Диригент: Олси Ќинами
Режисер: Чендрим Ријани
Асс Режисер: Петрит Незири
Либретист : Аријан Красничи
Кореограф: Артан Ибершини
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Хор мајстор: Јасмина Ѓоргеска
Светло дизајн – Милчо Александров
Асс. Кореограф: Саша Евтимова
Корепетитори: Шкељзен Бафтијари, Андреја Наунов, Јанинка Невчева
Нотограф: Адис Исмаили
Улоги:
Скендербег – Армалдо Клоѓери
Фатима – Зана Абази Рамадани
Хасан Ага – Армандо Ликај
Султан – Васко Здравков
Мамица – Нина Мухо
Хамза – Никола Стојчески
Лек Дукаџини – Лиридон Садриу
Јерина – Марија Наумовска
Пејачот – Мустафа Имери
Пејачката – Бесарта Муртезани
Војник – Исмет Вејсели
Сихана Бадивуку – виолинист на сцена
Мајка на Скендербег – Дрита Каба Карага
Балет: Агим Бафтии, Ева Џингова, Мартина Димовска, Матеа Илиевска, Стефанија Кузмановска, Арта Ќаили, Антонија Димитриевска, Тијана Аврамовикиј, Бојан Димовски, Веселин Трајковски.
Хорот и оркестарот на Националната опера и балет
ЛИБРЕТО
Оперското либрето Скендербег е базиранo врз странски и албански автори кои во нивните дела како протагонист го имаат ликот на Скендербег.
Националниот албански херој Ѓерѓ Кастриоти познат и под името Скендербег, во оваа опера се портретизира како врвен борец, патриот но и како човек обземен со човечки и љубовни чувства.
Во знак на неговите борбени вештини, Султан Мурад II , на Скендербег му го ветува престолот на Едрене, како и неговата ќерка Фатиме за жена, а на синот Мехмет, престолот на Арбериа. Овој предлог го вознемирува Скендербег и во неговите сеќавања се појавуват мајката Војсавa и браќата, во времето кога тие биле земени како заложници.
Наоѓајќи се во дилема да избира помеѓу љубовта на Фатима и гласот на татковината, Скендербег се одлучува за второто. Со помошта на неговите соборци, поготово со помошта на Лек Дукаѓини, а и од неговиот внук Хамза, Скендербег ја напушта борбата во Ниш и се упатува кон таковината. Тој влегува во Круја и го освојува замокот. На него му се придружува и неговата сестра, Мамица и ја постигнува неговата цел за слобода.
Историјата на херојот почнува со неговата висока кариера во Османлиското Царство и завршува во замокот во Круја. На овој начин, во ова дело Скендербег од Едрене му припаѓа целосно на минатото, затоа што на крајот тој се враќа како Ѓерѓ на Круја и на цела Арбенија.