Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
ЗМЕЈОВАТА НЕВЕСТА – Стојан Стојков / THE DRAGON’S BRIDE – Stojan Stojkov July 3, 2020 @ 8:00 pm - 9:40 pm

ОПЕРА И БАЛЕТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ 

Драги љубители на оперската и балетска уметност,

Во петок, 3 јули со почеток во 20.00 часот на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет ќе имате можност да ја гледате оперската претстава „Змејовата невеста“, дело на композиторот Стојан Стојков.

Линк до каналот:
https://www.youtube.com/user/makoib

„Змејовата невеста“

Композитор: Стојан Стојков

Режисер: Дејан Пројковски
Диригент: Саша Николовски-Ѓумар
Кореограф: Олга Панго
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Асс.хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска-Серафимовска
Асс.диригент: Катерина Стојковска, Ѓурѓица Дашиќ
Асс.режисер: Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски, Дамјан Читкушев

НАСТАПУВААТ:
Милка: Катерина Стојановска
Змеј:Кристијан Антовски
Мајката на Милка: Марика Поповиќ
Мајката на змејот: Катерина Весковска
Друг змеј: Владимир Саздовски, Диме Петров
Стоица: Дејан Стоев, Јане Дунимаглоски
Митана: Ивана Андоновска-Свилар
Милена: Николина Јаневска
Цанко: дете
Јана: Десанка Глигоријевиќ, Ана Ројдева
Рада: Александра Лазаровска, Биљана Јосифов
Добра: Александра Доброхотова
Магда: Ленче Партикова
Мара: Соња Пендовска-Мадевска
Китан: Драган Ампов
Бојан: Игор Гиновски
Кум: Невен Силјановски
Момче: Никола Стојчевски
Свадбарка: Марија Наумовска, Серафина Фантаузо
Две момчиња: Димитар Кожухаров, Зоран Данилов
Две моми: Валентина Димитриевска, Катерина Митева

Балетски солисти: Билјана Басмаџиева и Игор Веланоски

Настапува хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

Опера во три чина
по текст на Димитар Г. Молеров
Либрето – Стојан Стојков

За делото…
Оваа музичко сценско дело се роди како плод на Божје Уханије кое силно се поврзува со мојот начин на творечко размислување и музичко изразување. Текстот на Димитар Молеров претставува силно инспиративен литературен материјал кој совршено се совпадна со мојот професионален и личен авторски сензибилитет.
Поетиката на самиот текст, како и целата негова изворност и битовост, се совпаѓа со моите најрани сеќавања на слики, звуци и мириси кои ме вратија назад во едни Ини времиња кога човекот и природата беа едно, а музиката беше нивниот говор. Токму затоа не само текстот, туку и музиката и целиот композиторски јазик и стил се производ на тој исконски израз во кој преовладува лириката, мелодичноста и едноставноста.
Мелодиката, хармонскиот јазик и оркестрацијата се во целост полифонизирани што секако претставува одраз на македонскиот народен музички идиом кој е специфичен токму по својата хармонска повеќеслојна обоеност.
Можеби затоа ова дело е во целост израз на моето творечко битие кое низ едноставната, а сепак многу длабока лирика и суптилност, претставува ехо на мојата младост и интима. Во оваа приказна јас го препознав суштинскиот момент од мојот живот, од мојата младост и од мојата љубов…
Чинам дека кога еден творец ќе се препознае во некоја слика или визија, тогаш неговиот искрен и автентичен израз ќе ги разбуди сите сетила.

Стојан Стојков

Арии на двата главни лика од операта, во кои се препознава битовото, народното, фолклорното, врз кое е пишувано либретото.

АРИЈА НА ЗМЕЈОТ (Очаен)
Кога ми буваш, був птицо,
Каква ли в срце тага криеш длабока?!…
Ах, жална горо, жал ми е многу на тебе.
На тебе и на мајка ми змејица.
Оти ме испрати в селото долу да слезам.
Мома да видам – сончева, горо, прилика…
Каде стоеше, сонце ми грееше
Бисер ронеше, бели нарциси цветаа, цветаа…

АРИЈА НА МИЛКА
Отиди мајко, отиди,
Во таа темна планина,
Каде ми буфот буха.
Ќе најдеш мамо змејов цвет,
Та го посади на гробот.
Полеј го со солзи, мајчице,
И тоа ќе се зафати.
Посеј ми уште на гробот,
Лен и синчец, мајчице.
И таа ситна темјанушка.
Погледни мамо угоре,
Сонце се спрема да зајде,
Каде ќе сонце да зајде,
Таму цвета цвете алено,
А сред цветето, зелен бор,
Пред борот студен кладенец.
Крај кладенецот зелен змеј.
Крај кладенецот зелен

За „Змејовата невеста“…
…Паѓаат ѕвезди, си замислив желба: да паднат на меко…
Постои, прекрасна далечина, за која сонуваат заљубените души. Кон таа далечина постојано сонуваат срцата на Змејот и Милка. Како да се стигне до неа? Како да се најде и измине патот до неа? Дали тоа патување е само едноставно минување низ просторот. Дали сме способни да патуваме во длабочините на своето срце како Змејот и Милка? Да се патува, пред се значи да се рушат бариерите и да се отвораат портите на нашите внатрешни светови.
„Змејовата невеста” не е поврзана со прагматичното време. Таа е сон кој трае и кој се простира во вечноста. „Змејовата невеста” е космосот низ кој се движат заљубените души пред и после засекогаш.
Не постои поголемо чувство на несреќа од чувството на осаменост. Кој љуби, неговото срце расцветува. Расцветувањето е размена, подарок кон другиот. Во љубовта, човекот заборава на себе. Живее со другиот, живее во другиот. А тоа е сепак-среќата.Таа ги пробудува луѓето, ги пробудува со љубов.Треба да се пушти љубовта на слобода и ќе се почувствува како свети и грее на сите страни.

Да се љуби или да се љуби
Денес можеби соѕвездието „Змејова невеста” го гледа нашиот залез . „Змејовата невеста” во залезот на човечкото или во утрото на ангелското.
Змејовата невеста е дел од универзалното и универзумот. Љубовта на Змејот и Милка е вон времето. Нивната љубов е сублимат на минатото, сегашноста и иднината сконцентрирана во една точка наречена безвременост или севременост на љубовта. Можеби нашето постоење и време се само мал фрагмент од таа љубовна бесмртност.
Да се работи „Змејовата невеста” на сцена значи да се има целокупното време и простор во кои ја пишуваме неизбришливата историја на љубовта . А токму таа ЉУБОВТА е суштината на постоењето – земско и небесно. Се што е големо и вредно, сместено е во длабочините, бара длабоки чувства, големи жртви и непоколеблива вера.
Змејовата невеста како надеж / светлост и призрак /ода на љубовта / излез од сопствените лавиринти / срце – на срца срцето….

Дејан Пројковски – режисер

*************************************************************************************

Stojan Stojkov
THE DRAGON’S BRIDE
(Оpera)

Conductor: Sasha Nikolovski-Gjumar
Director: Dejan Projkovski
Choreography: Olga Pango
Set Design: Valentin Svetozarev
Costume Design: Marija Pupuchevska
Ass. Chorus master: Jasmina Gjorgjeska-Serafimovska
Ass. Conductor: Katerina Stojkovska, Gjurgjica Dashikj
Ass. Director: Damjan Chitkushev, Trajko Jordanovski, Ljupka Jakimovska

CAST:
Milka: Katerina Stojanovska
The Dragon: Kristijan Antovski
Milka’s mother: Marika Popovikj
Dragon’s mother: Katerina Veskovska
The other Dragon: Vladimir Sazdovski, Dime Petrov
Stoica: Dejan Stoev, Jane Dunimagloski
Mitana: Ivana Andonovska-Svilar
Milena: Nikolina Janevska
Canko:
Jana: Desanka Gligorijevikj, Ana Rojdeva
Rada: Aleksandra Lazarovska, Biljana Josifov
Dobra: Aleksandra Dobrohotova
Magda: Lenche Partikova
Mara: Sonja Pendovska-Madevska
Kitan: Dragan Ampov
Bojan: Igor Ginovski
Godfather: Neven Siljanovski
Boy: Nikola Stojchevski
Wedding ceremonial lady: Marija Naumovska, Serafina Fantauzo
Two boys: Dimitar Kozhuharov, Zoran Danilov
Two girls: Valentina Dimitrievska, Katerina Miteva
The choir and the orchestra of National Opera and Ballet

Details

Date:
July 3, 2020
Time:
8:00 pm - 9:40 pm
Event Category:
Website:
https://www.youtube.com/watch?v=5t_Bb9bAU7M&feature=youtu.be