Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
Корсар – балет (онлајн премиера 23.6.2020) June 23, 2020 @ 8:00 pm - 9:30 pm

ОПЕРА И БАЛЕТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ 

Драги љубители на оперската и балетска уметност,

Почнувајќи од вторник, 7 април со почеток во 20.00 часот на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет, секој вторник и петок ќе имате можност да ги погледнете вашите омилени оперски и балетски претстави.

Линк до каналот:
https://www.youtube.com/user/makoib

Во претставата се користи музика од Цезар Пуњи, Рикардо Дриго и Пјотр Ојденбурски. Редакцијата на либретото е на Дмитриј Брјанцев, а е работена по мотивите од делото на Џорџ Гордон Бајрон.

Кореограф и режисер е Дмитриј Брјанцев (народен артист на Русија), асистент на кореографот, Михаил Крапивин (заслужен артист на Русија), диригент, Бисера Чадловска, сценограф и костимограф, Владимир Арефјев (заслужен артист на Украина), асистенти на сценографот и костимограф, Јасмина и Љупка Ристовски, главен репетитор-педагог, проф. м-р Тања Вујисиќ Тодоровска, педагог-репетитор, д-р Снежана Филиповска, репетитори, Саша Евтимова, Лора Тарчуговска и Горан Божинов, концерт-мајстор, Костадин Богданоски, додека во улогите настапуваат: Конрад-Бобан Ковачевски; Медора-Марија Кичевска Шокаровска; Ѓулнар-Наташа Јосифовска: Бербанто-Јан Кисилев; Сеид Паша-Трајче Стојковски и Евнух-Драган Пандиловски.

Настапуваат балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет

****************************************************************************************

 

Details

Date:
June 23, 2020
Time:
8:00 pm - 9:30 pm
Event Category:
Website:
https://youtu.be/0ymEGjKi2P0