Мицко Дамњановски е новиот уметнички раководител на Операта во Националната опера и балет.
Дамњановски доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска која беше уметнички раководител од септември 2017 до 2021.
Мицко Дамњановски 2002 година дипломира на факултетот за Музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек – туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската Филхармонија.
Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот Симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски Симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.