- This event has passed.
Сценариото на оваа музичко – сценска претстава има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пејачи, солисти, режисер, хор и сценарист.
Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Палјачи, Аида, Травјата, Рита и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.
Идеја, сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ
Светло мајстор: Милчо Александров , Нино Митевски
Испициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Учесници:
Лиска – Надежда Рубен (сопран)
Меца – Марика Поповиќ (мецосопран)
Зајко – Дејан Стоев (тенор)
Був – Невен Силјановски (баритон и пијанист)