- This event has passed.
Волшебна балетска авантура за сите возрасти. Новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет. Обоена е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од балетот „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година!
Музика: П. И. Чајковски
Кореограф: Василиј Иванович Ваинонен (Русија)
Пренел кореографија: Михаил Крапивин (Русија)
Сценограф: Анатолиј Нежњи (Русија)
Костимограф: Љупка Ристовска
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска, Дафина Данилоска-Кочевска
Во главните улоги:
Маша:Мими Поп Алексова Атанасовска
Принц:Бобан Ковачевски
Мала Маша:Ела Канер ( Турција )
Настапуваат првенци, солисти и целиот балетски ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ – Илија Николовски Луј