- This event has passed.
Во дворецот на војводата од Мантова се одржува бал. Војводата и се додворува на грофицата Чепрано. Дворскиот шут, Риголето го исмејува грофот Чепрано, а Маруло им кажува на присутните дека Риголето тајно има млада и убава љубовница. Тие се договараат да ја грабнат. На балот пристигнува грофот Монтероне, чија ќерка војводата ја обесчестил. Сите се подбиваат со него, најмногу Риголето. Монтероне ги проколнува и Риголето и војводата.
Потресен од клетвата Риголето си оди дома, каде пред својот дом се среќава со Спарафучиле кој му ги нуди своите услуги на професионален убиец.
Во домот, Риголето спокојно разговара со својата ќерка Џилда, а на дадилката Џована и наредува никој да не влегува во нивниот дом.Тој заминува загрижен, а во домот доаѓа војводата престорен како студентот Гуалтиер Малде. Ја поткупува Џована со пари, таа го пушта внатре и на Џилда и изјавува љубов. Пред домот се собираат дворјаните со намера да ја грабнат Џилда. Со нив е и Риголето на кого му кажуваат дека ќе ја грабаат грофицата Чепрано која живеела блиску. Со превез на очите, во грабежот учествува и Риголето држејќи ја скалата. Кога работата е завршена, Риголето со ужас разбира дека е излажан и дека учествувал во грабежот на сопствената ќерка. Клетвата на Монтероне почнала да се обистинува.
Во дворецот на војводата, дворјаните разбираат од Риголето дека Џилда му е ќерка. Во бес, Риголето влетува во одаите на војводата. Џилда посрамена трча кон татка си. Тој се колне дека ќе се освети. Џилда го моли да му прости на војводата.
Во крчмата на Спарафучиле, Риголето прави договор со него, војводата да биде убиен. Ја испраќа Џилда престорена во машко, но таа се враќа со намера да се сретне со Војводата. Го слуша разговорот помеѓу Спарафучиле и Мадалена, при што таа го моли да го поштеди војводата. На вратата од крчмата, во мракот Спарафичиле ја убива Џилда, сакајќи на тој начин да ги оправда парите пред Риголето. Тој бара да го види телото завиткано во вреќа. Со ужас констатира дека е тоа неговата ќерка. Пред смртниот час Џилда го моли да и прости. Риголето се присетува на проклетството на Монтероне.
Диригент: Џанлука Марчиано (Италија)
Режисер: Нина Најденова (Бугарија)
Асс. режисер: Трајко Јордановски
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт –мајстор: Верица Ламбевска
Асс.хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ
Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов
Корепетитор: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов
НАСТАПУВААТ:
Риголето: Карлос Алмагуер Вилалобос (Мексико)
Џилда: Зана Абази-Рамадани (Косово)
Војводата од Мантова: Михаил Михајлов (Бугарија)
Спарафучил: Владимир Саздовски
Мадалена: Вишња Радосав (Србија)
Монтероне: Васко Здравков
Гроф Чепрано: Диме Петров
Грофица Чепрано: Биљана Јосифов
Маруло: Кристијан Антовски
Борса: Дарко Нешовски
Џована: Ана Ројдева-Талевска
Паж: Десанка Глигоријевиќ
Офицер: Невен Силјановски
НАСТАПУВААТ ХОРОТ, ОРКЕСТАРОТ И БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ НА МОБ