Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи ( Сл.Весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019, 267/2020, 151/2021, 111/23, 39/25 и 74/25 ), одредбите од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” 34/15), одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот огласот и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекција и интервјуто односно аудицијата бр. 02-2082/5 од 30.05.2025, како и согласно Годишниот план за вработување во Националната установа Национална опера и балет за 2025 година и известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства број 19-6245/2 од 17.06.2025 година, известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства број 19-6400/2 од 17.06.2025 и известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства број 19-7272/2 од 08.07.2025 година,Националната установа Национална опера и балет објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС 8/2025
I. Националната установа Национална опера и балет има потреба од вработување на 3(три) лица – помошно техничко лица:
- 1 (едно) лице на работно место Гардеробер магационер , шифра КУЛ 04 05 В01 004, единица за костимска гардероба, оддел костимирање,сектор сценска техника
Посебни услови утврдени со закон, за помошно – техничките лица е степенот на образование и тоа: најмалку средно четиригодишно образование, односно тригодишно средно образование, двегодишно стручно образование и основно образование.
Степен и вид на образование: Гимназиско, уметничко или Средно стручно образование
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 36.671,00 денари
- 1 (едно) лице на работно место Техничар за светло , шифра КУЛ 04 05 А01 001, единица за светло, оддел за сценски работи,сектор сценска техника
Посебни услови утврдени со закон, за помошно – техничките лица е степенот на образование и тоа: најмалку средно четиригодишно образование, односно тригодишно средно образование, двегодишно стручно образование и основно образование.
Степен и вид на образование: Средно стручно образование
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 46.175,00 денари
- 1 (едно) лице на работно место Шминкер, шифра КУЛ 04 05 Б01 006, единица за шминка, перики и маскирање, оддел за костимирање,сектор сценска техника
Посебни услови утврдени со закон, за помошно – техничките лица е степенот на образование и тоа: најмалку средно четиригодишно образование, односно тригодишно средно образование, двегодишно стручно образование и основно образование.
Степен и вид на образование: Средно стручно образование – лични услуги, градежно или гимназиско образование
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 42.080,00 денари
- Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
III.Дневното работно време за огласеното работно место е во рамките на 40 часовно работно време, се организира согласно програмата за работа на работодавачот, и се утврдува со распоред на работно време, за кој вработениот се известува преку огласна табла, а по потреба и на други начини.
- IV. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работно место.Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од писарницата(архива) на Национална опера и балет или на веб страницата operabalet.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја потполнат во целост, прецизно и со точни податоци.Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.
V.Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
-Уверение за државјанство;
-Уверение за општа здравствена способност за работното место(лекарско уверение);
-Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
-Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование;
Пополнетите пријави , заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават во архивата на Национална опера и балет или по пошта на адреса Национална установа Национална опера и балет, бул.Гоце Делчев бр.4 Скопје (со назнака за „Јавен оглас број 8/2025„)
Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Ненавремените и нецелосно потполнети пријави и документација нема да се разгледуваат.По истекот на рокот на пријавување огласот ќе биде отсранет од интернет страната на НУ Национална опера и балет.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе интервју..За денот,часот и местото на одржување на интервјуто , кандидатите ќе бидат известени електронски или на телефонскиот број кој ќе го наведат во пријавата за вработување.
Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на веб страната на установата, на огласна табла на установата и на електронската адреса која кандидатот ја има напишано во пријавата за вработување, со што ќе се смета дека е извршена достава.
НУ Национална опера и балет
Архивски број 04- 3012/2 од 15.07.2025 година