ПРИЈАВА

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи ( Сл.Весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11,  11/12,  39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019, 267/2020, 151/2021, 111/23, 39/25 и 74/25), член 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/2018  и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), одредбите од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија”  34/15), одредбите од Правилникот за постапката за поплнување на работно место со вработување за категориите А,Б,В, и Г  во дејности од областа на културата, за формата  и содржината на јавниот огласот и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекција и интервјуто односно аудицијата бр. 02-2082/5 од 30.05.2025, како и согласно Годишниот план за вработување во Националната установа Национална опера и балет за 2025 година и одредбите од Колективниот договор за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/2020 и 21/2020), известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства број 19-7734/2 од 21.07.2025 година ,Националната установа Национална опера и балет објавува:

:

ЈАВЕН ОГЛАС 11/2025

  1. Националната установа Национална опера и балет има потреба од вработување на 1 (едно) лице на неопределено време за работнo местo:
  2. (едно) 1 лице на работно место Соработник за сценско-музичка дејност -Соработник – секретар за уметничко техничка оператива, шифра КУЛ 03 04 Г03 001

Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија Г се:

  • ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно образование
  • Степен и вид на образование: Високо – Музички уметности, средно музичко или гимназиско образованиеработно искуство,
  • за нивото Г3 до една година работно искуство во струката.

Основната нето плата за огласеното работно место изнесува 43.724,00 денари

  1. Сите кандидатитреба да ги исполнуваат следниве општи услови:
  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

III. Распоред на работното време: Дневното работно време за огласените работни места е во траење од осум часа дневно (од 8.30 до 16.30 односно согласно месечниот план за проби и претстави, а во рамките на 40  часовното неделно работно време

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на Националната установа Национална опера и балет Скопје или да се симне од интернет страната www.operabalet.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:

-Уверение за државјанство;

-Уверение за општа здравствена способност за работното место;

-Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

-Доказ – Диплома/Уверение  за завршено образование;

-Потврда за работно искуство

-Кратка биографија

Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на Националната установа Национална опера и балет Скопје или по пошта на следната адреса: Бул.”Гоце Делчев“ бр.4 – Скопје (со назнака за ,,јавен оглас брoj –11/2025,,).

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страната на НУ Национална опера и балет Скопје.

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе  интервју на која се проверуваат способности на кандидатот..За денот,часот и местото на одржување на интервјуто, кандидатите ќе бидат известени електронски или на телефонскиот број кој ќе го наведат во пријавата за вработување.

Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на веб страната на установата, на огласна табла на установата и на електронската адреса која кандидатот ја има напишано во пријавата за вработување, со што ќе се смета дека е извршена достава.

.

НУ Национална опера и балет

Архивски број 04- 3136/2 од 25.07.2025

ПРИЈАВА