Врз основа на член 77-а став (2),член 77-в од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/2015, 154/2015, 39/2016 и 11/2018, и„Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.265/24), член 22 и член 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019, 267/2020, 151/2021, 111/23, 39/25 и 74/25), член 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), одредбите од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, односно интервјуто, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работно место за кое е објавен јавниот оглас бр. 02-2082/5 од 30.05.2025, и одредбите од Колективниот договор за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/2020 и 21/2020), согласно Годишниот план за вработување во Националната установа Национална опера и балет за 2025 година и известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства број 19-9000/2 од 29.07.2025 година, Националната установа Национална опера и балет објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС 12/2025
- Националната установа Национална опера и балет има потреба од вработување на 1 (едно) лице давател на услуги од областа на културата од категорија А-уметници, на неопределено време, и тоа:
- 1 (едно) лице на работно место Хорист, шифра КУЛ 03 04 А06 003, Хористи, Опера
- Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија А се:
- Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование
- Степен и вид на образование: Високо – Музички уметности – соло пеење или средно музичко училиште
- работно искуство: за ниво А6 до една година работно искуство во струката
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 53.861,00 денари
- Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
III. Дневното работно време за огласеното работно место се организира согласно месечниот план за проби и претстави, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
- IV. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работно место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од писарницата (архива) на Национална опера и балет или на веб страницата operabalet.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја потполнат во целост, прецизно и со точни податоци. Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.
V.Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
- кратка биографија
- доказ за завршено образование и други посебни услови
- доказ за општа здравствена способност за работно место (не постара од шест месеци)
- потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија,дејност или должност (не постара од шест месеци).
- доказ за работно искуство
- Уверение за државјанство
Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават во архивата на Национална опера и балет или по пошта на адреса Национална установа Национална опера и балет, бул. Гоце Делчев бр.4 Скопје (со назнака за „Јавен оглас број 12/2025„)
Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Ненавремените и нецелосно потполнети пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот на пријавување огласот ќе биде отсранет од интернет страната на НУ Национална опера и балет.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Селекцијата и аудицијата на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе аудиција на која се проверуваат способности на кандидатот, согласно Правилникот за аудиција и програмата за аудиција, објавена на веб страната на установата. За денот, часот и местото на одржување на аудицијата, кандидатите ќе бидат известени електронски или на телефонскиот број кој ќе го наведат во пријавата за вработување.
Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на веб страната на установата, на огласна табла на установата и на електронската адреса која кандидатот ја има напишано во пријавата за вработување, со што ќе се смета дека е извршена достава.
НУ Национална опера и балет
Архивски број 04-3234/2
од 31.07.2025