Loading Events

« All Events

МЕТАЛКОВЦИ ПАТУВААТ – претстава за деца (14.3.2026 / 11 ч.) March 14 @ 11:00 am - 12:00 pm 400МКД

„Металковци патуваат“ е интерактивна музичко-сценска претстава за деца и семејства, изведена од брас квинтет, која на едукативен и забавен начин ја приближува класичната и светската музика до најмладата публика. Преку сценска игра и музика во живо, публиката патува низ различни културни простори — од Франција и Италија, преку Мексико, Русија и Украина, до африканските ритми и македонската традиција. Претставата ги поттикнува децата активно да учествуваат преку движење, ритам и фантазија, додека истовремено се запознаваат со лимените дувачки инструменти и нивната звучна палета. Една од основните цели е креирање љубов меѓу децата и и лимените музички инструменти и агитирање кон децата за запишување во нижо музичко училиште и изучување на некој инструмент. Со својата интерактивна форма и современ пристап кон сценската едукација, „Металковци патуваат“ претставува спој на концерт и театар, создавајќи инспиративно музичко искуство кое ја развива љубопитноста, креативноста и љубовта кон уметноста кај младата публика.

Со игра, хумор и познати мелодии, децата учат за инструментите и откриваат како музиката може да нè однесе насекаде во светот.

Што ако инструментите станат ваши авионски билети? Металковци тргнуваат на незаборавно патување — од романтичниот Париз, преку веселата Италија и сончевото Мексико, до дивата Африка, студената Русија и назад дома во Македонија! Со многу смеа, интеракција и музика во живо, децата стануваат дел од авантурата и откриваат дека најубавите патувања започнуваат со една мелодија.

    • Брас квинтет во живо
• Интерактивна приказна
• За целото семејство

Details

Date:
March 14
Time:
11:00 am - 12:00 pm
Cost:
400МКД
Website:
https://online.operabalet.mk/index.php?id=478