- This event has passed.

ОПЕРАТА НА ШУМСКИТЕ ЖИВОТНИ
( ДЕТСКА ИНТЕРАКТИВНА МУЗИЧКА ПРЕТСТАВА)
Целна група: деца од 06–11 години
Време траење на претставата: 1 час
Идеен концепт, сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ
Костимографија и сценографија: Десанка Глигоријевиќ
Инспициент : Драган Костадиновиќ
Светло мајстори:Перо Марачков, Љубомир Лазаров
Тон мајстор: Драги Димитровски
Голема сцена НОБ
Настапуваат:
Буф: Невен Сиљановски
Лиска: Надежда Рубен
Меца: Марика Поповиќ
Зајко: Дејан Стоев
Интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност (композитор, режисер, солисти, хор …)
Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Палјачи, Аида, Травијата, Рита и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.