Врз основа на член 77-а став 2,77-в од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/2015, 154/2015, 39/2016 и 11/2018, и„Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.265/24 ),како и член 22 и член 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019, 267/2020, 151/2021, 111/23, 39/25 и 74/25), член 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), одредбите од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” 34/15), одредбите од Правилникот за постапката за поплнување на работно место со вработување за категориите А,Б,В, и Г во дејности од областа на културата, за формата и содржината на јавниот огласот и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекција и интервјуто односно аудицијата бр. 02-2082/5 од 30.05.2025, како и согласно Годишниот план за вработување во Националната установа Национална опера и балет за 2026 година и одредбите од Колективниот договор за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/2020 и 21/2020), известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства број 19-7183/2 од 18.09.2026 година,Националната установа Национална опера и балет објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС 5/2026
I. Националната установа Национална опера и балет има потреба од вработување на 7(седум) лица, даватели на услуги од категорија А-уметници, даватели на услуги од категорија Б, стручни соработници во дејности од областа на културата од категорија Г и помошно техничко лица на неопределено време,за следниве работни места:
- 2 (две) лица на работно место –Балетски играч во ансамбл , шифра КУЛ 03 04 А06 004 , Балетски играчи, сектор Балет
- Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија А се:
- Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование
- Степен и вид на образование: Високо – Музички уметности, Балетска педагогија или средно балетско образование педагогија или средно балетско образование
- работно искуство: за ниво А6 до една година работно искуство во струката
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 57.272,00 денари
- 2 (две) лица на работно место – Тути гудачи – Втора виолина тути, шифра КУЛ 03 04 А06 002, Оркестар, сектор Опера
- Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија А се:
- Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование
- Степен и вид на образование: Високо – Музички уметности – виолина или средно музичко училиште виолина
- работно искуство: за ниво А6 до една година работно искуство во струката
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 57.272,00 денари
- 1 (едно) лице на работно место – Сценограф, шифра КУЛ 03 04 Б01 004, сектор Сценска техника
- Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија Б се:
- Ниво на образование ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Степен и вид на образование: Хуманистички науки; Уметности (уметност, историја на уметност, изведувачки уметности, музика),
- Други посебни услови: сценограф на 10 наслови
- работно искуство: за нивото Б1 најмалку пет години работно искуство во струката
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 65.603,00 денари
- 1 (едно) лице на работно место – Стручен соработник за музичка архива – Музички архивар, шифра КУЛ 03 04 Г02 009, оддел за уметничко техничка поддршка сектор Опера
- Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија Г се:
- Ниво на образование ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно образование
- Степен и вид на образование: Високо – Хуманистички науки и уметности: Уметности (музика), средно стручно образование – музичко или гимназија
- работно искуство: за нивото Г2 најмалку пет години работно искуство во струката
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 54.397,00 денари
- 1 (едно) лице на работно место Декоратер , шифра КУЛ 04 01 А03 006, единица за декор, оддел за сценски работи,сектор сценска тахника
Посебни услови утврдени со закон, за помошно – техничките лица е степенот на образование и тоа: најмалку средно четиригодишно образование, односно тригодишно средно образование, двегодишно стручно образование и основно образование.
Степен и вид на образование: Основно образование
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 42.380,00 денари
- Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
III. Дневното работно време за огласеното работно место се организира согласно месечниот план за проби и претстави, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
- IV. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работно место.Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од писарницата(архива) на Национална опера и балет или на веб страницата operabalet.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја потполнат во целост, прецизно и со точни податоци.Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.
V.Кандидатите за точките 1,2,3 и 4 кон пријавата треба да приложат:
- кратка биографија
- доказ за завршено образование и други посебни услови
- доказ за општа здраствена способност за работно место (не постара од шест месеци)
- дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија,дејност или должност (не постара од шест месеци).
- доказ за работно искуство
- Уверение за државјанство
Кандидатите за точката 5 кон пријавата треба да приложат:
- Уверение за државјанство;
- Уверение за општа здравствена способност за работното место;
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
- Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование
Пополнетите пријави , заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават во архивата на Национална опера и балет или по пошта на адреса Национална установа Национална опера и балет, бул.Гоце Делчев бр.4 Скопје (со назнака за „Јавен оглас број 5/2026„)
Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Ненавремените и нецелосно потполнети пријави и документација нема да се разгледуваат.По истекот на рокот на пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страната на НУ Национална опера и балет.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.Селекцијата и аудицијата/интервју на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе аудиција/интервју на која се проверуваат способности на кандидатот, согласно Правилникот за аудиција и програмата за аудиција, е објавена на веб страната на установата.За денот,часот и местото на одржување на аудицијата/интервјуто, кандидатите ќе бидат известени електронски или на телефонскиот број кој ќе го наведат во пријавата за вработување.
Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на веб страната на установата, на огласна табла на установата и на електронската адреса која кандидатот ја има напишано во пријавата за вработување, со што ќе се смета дека е извршена достава.
НУ Национална опера и балет
Архивски број 04-2843/2 од 29.09.2026