Врз основа на член 77-а став (1) алинеа 2 и став (3) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/2015, 154/2015, 39/2016, 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.265/24), член 6 став (2) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), согласно Годишниот план за вработување во Националната установа Национална опера и балет за 2026 година и известувањето за обезбедени финансиски средства бр. 19-7184/2 од 01.10.2026 година, издадено од Министерството за финансии, Националната установа Национална опера и балет – Скопје, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 4/2026
за пополнување на работно места со унапредување
Националната установа Национална опера и балет објавува интерен оглас за пополнување на работно место:
1. Тимпанист, шифра КУЛ 03 04 А03 017, 1 (еден) извршител
Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон, за даватели на услуги од областа на културата од категорија А-уметници се:
Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование
Степен и вид на образование: Високо – Музички уметности – тимпани или средно музичко училиште тимпани
работно искуство: за нивото А3 најмалку три години работно искуство во струката
На интерниот оглас може да се јават вработени во НУ Национална опера и балет, кои ги исполнуваат општите и посебните услови за пополнување на работното место, пропишани за соодветното ниво во Законот за култура и во актот за систематизација.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
· да е полнолетен,
· да има општа здравствена способност за работното место и
· со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се пријавуваат на интерниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за унапредување кандидатите можат да ја подигнат од писарницата (архивата) на Националната опера и балет или на веб страница www.operabalet.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.
Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
· кратка биографија
· доказ за завршено образование,
· доказ за работно искуство
· доказ/уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од шест месеци)
· доказ дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не псотар од шест месеци)
Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават во архивата на Националната опера и балет или по пошта на адреса: Национална установа Национална опера и балет, Бул. Гоце Делчев бр. 4 Скопје (со назнака за ,,интерен оглас брoj 4/2026“). Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на огласот. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе аудиција на која се проверуваат уметничките способности на кандидатот. За денот, часот и местото на одржување на аудицијата, кандидатите ќе бидат известени преку огласна табла и на телефонот кој ќе го наведат во пријавата.
Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на веб страната на установата и на огласна табла на установата.
НУ Национална опера и балет
Архивски број 04- /2 2026 година