
ПЕТАР ПАН – балетска претстава за деца
5.11.2026 11:00 – организирана продажба
Кореограф: Џејмс Амар (Франција)
Сценограф: Зоран Костовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Репетитори: Дафина Данилоска-Кочевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Володомир Борисов
Корепетитори: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
Инспициенти: Тијана Тарчуговска Георгиева
Настапуваат балетски солисти и ансамблот на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „ Илија Николовски – Луј“
Времетраење: 1 час
Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бeри (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.