Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
„РИТА“ – Гаетано Доницети September 17, 2016 @ 8:00 pm - 9:15 pm 200MK

(Мала сцена на МОБ)

Комична опера во еден чин по либрето на Густаво Ваез.
Пра изведбата на операта е во Париз 07.05.1860
Работен наслов ,,Двајца мажи и една жена,,

Диригент: Ѓургица Дашиќ
Режисер: Трајко Јордановски
Сценограф/Костимограф: Марија Ветеровска
Концер мајстор: Јане Бакевски
Светло мајстор: Васко Лисичов
Корепетитор: Андреја Наунов
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева,  Павлина Здравкова

УЛОГИ:
Рита: Полина Тасева
Бепе: Јане Дунимаглоски
Гаспаро: Невен Силјановски
Бартоло: Борко Биџовски

 

Синопсис:

Дејството се случува во Бергамо, Италија. Рита е сопственичка на преноќиште и вдовица на Гаспаро, сопруг кој ја малтретирал и според нејзино сознание настрадал во бродолом.

Во меѓувреме Рита го запознава Бепе, човек кој многу и помогнал во гаснењето на пожарот во нејзината куќа и се мажи за него. Новиот сопруг е сосема различен од поранешниот, Гаспаро. Рита, поттикната од претходното искуство, се наметнува во новиот брак, па дури и го малтретира Бепе, на ист начин како што ја малтретирал Гаспаро. Одненадеж се појавува Гаспаро, кој го преживеал бродоломот и сега живее во Канада каде што се стекнал со големо богатство. Тој се вратил во Бергамо за да добие потврда дека Рита не е жива за да може да склопи брак со вереницата во Канада. Гаспаро доаѓа во преноќиштето на Рита и го наоѓа Бепе.

Во меѓусебниот разговор, Гаспаро го учи Бепе како да се однесува со жените, но при покажување на личната карта на Гаспаро, Бепе сфаќа дека тој е ,,починатиот,, сопруг на Рита. Го моли да му помогне да се ослододи од малтретирањето на Рита. Единствената цел на Гаспаро е да го добие документорт дека бракот со Рита не важи и применува трик за реализација на својата идеја. Се случува дуел помеѓу Гаспаро и Бепе, а победникот треба да живее со Рита. Но Рита и Бепе ја откриваат измамата. Гаспаро го добива бараниот документ, а Рита и Бепе продолжуваат да живеат во среќен брак, зашто Рита му ветува на Бепе дека нема повеќе да го малтретира.

*времетраење на претставата 75 минути

[envira-gallery id=”694″]

Details

Date:
September 17, 2016
Time:
8:00 pm - 9:15 pm
Cost:
200MK
Event Category:
Website:
http://mob.com.mk/rita-opera-17-09-2016.html

Venue

Национална опера и балет Скопје
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Phone:
+389(02) 3118 – 451