biljana-josifov1Биљана Јосифов е родена во 1989 година во Крушево. Средното образование го завршува во Битола, и продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје каде дипломира и магистрира на отсекот по соло пеење во класата на Проф. Славица Галиќ – Петровска.

Природната вокална даровитост и музикалност на Биљана е поткрепена со високо професионално и сценско претставување, со допринос на сопствената креација и одличен контакт со публиката. Овие карактеристики кои ги поседува, ја поттикнуваат да го надградува и усовршува својот неограничен талент, така што посетува семинари и соработува со познати истакнати и афирмирани уметници и професори како што се: Каролин Мерц (Германија), Руди Парк (Италија), Џемма Бертањоли (Италија), Цуцковски Ѓорѓи (Македонија), Михајло Арсенски (Германија), а од неодамна е под менторство на најистакнатата оперска дива Ана Дурловски.

Од нејзината целокупна посветеност и предаденост кон музиката резултираат бројните јавни настапи, концерти и натпревари со високи достигнувања и награди, како и постојаната ангажираност на сцената на МОБ низ оперските претстави во улогите на втора дама во Моцартовата “Волшебна Флејта”, Јованче во детската опера од Е.Хумпердинк “Јованче и Марика”, улога на Антонија во операта”Хофманови приказни” од Ж.Офенбах, Фиордилиџи во Моцартовата опера “Така прават сите”, Жувено во операта “Адриана Лекуврер” – Ф.Чилеа, улога на Виолета во “Травијата” и улога на Чепрано во “Риголето” од Џ.Верди.

Од 2009 година до денес работи во Хорот на Македонската Опера и Балет.