Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
БАРОКНА ВЕЧЕР СО ЛУИЏИ СКИФАНО (Италија) – КОНТРАТЕНОР December 3, 2016 @ 8:00 pm - 9:00 pm

Барокна вечер со контратенорот Луиџи Скифано (Италија) во пијано придружба на Дино Имери во режија на Дејан Прошев.

  • Обдарен со темен и топол тимбр и интензивен волумен, италијанскиот контратенор Луиџи Скифано се смета за еден од водечките италијански контратенори. Роден во Неапол, на седумгодишна возраст започнува со музичкото образование, односно пијано, а подоцна се запишува на Конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне. На 21-годишна возраст ја открива способноста на својот глас да пее како контралт односно контратенор и започнува да го школува истиот со Силвија Боса во Фиренца. Се усовршува со Рената Ското во оперското студио при Националната Академија „Санта Чечилија“ во Рим, со Сара Мингардо во Центарот за античка музика „Пјета деи Туркини“ од Неапол и со Сониа Прина.
  • Во 2008 како дел од проектот „Опера Студио“ на Националната Академија Санта Чечилија од Рим завзема учество во неколку проекти во престижниот Аудиториум „Парк на Музиката“ во Рим. Истата година го изведува делото „Те Деум“ од М. А. Шарпентјер во Базиликата Сант‘Андреа во Рим, а потоа следува и турнеја со Стабат Матер од Вивалди како и оној од Перголези во главните опатии на Лацио.
  • Во 2009, по повод 250-годишнината од смртта на Г. Ф. Хендл настапува со Македонската Филхармонија под водство на М° Алесандро Д‘Агостини. Во 2010 во чест на 300-годишнината на Џовани Батиста Перголези настапува изведувајќи го неговиот Стабат Матер во повеќе градови во Сицилија. Во декември истата година настапува во Базиликата С. Марија во Рим изведувајќи ја „Миса во Х мол„ од Ј. С. Бах со Барокниот Оркестар и Хорот „Скола Канторум“ на Арамус. Во март 2011 настапува со Гала Концерт во „Оџи Хол“ во Токио, а потоа и во праизведба на Стабат Матер од Томазо Траета во Јапонија, во Центарот за Култура на Италија во Токио, под диригентство на М° Вито Клементе. Во април настапува на сцената на Македонската Опера и Балет во „Кармина Бурана“ од Карл Орф, а потоа ја пее и насловната улога во нова продукција на МОБ на операта „Орфеј и Евридика“ од К. В. Глук. Веднаш потоа ги пее улогите Смрт и Божествена Правда во ораториумот „Потопот на светот“ од Микеланџело Фалвети во Санти Апостоли и во Театарот Аурелио во Рим.
    Настапува како Секстус во операта „Јулиј Цезар“ од Хендл во Операта во Клагенфурт, Австрија, како Гарсија Лорка во операта „Аинадамар“ од Освалдо Голијов во Операта во Сан Паоло, Бразил. Настапува во Кармина Бурана во Аудиториумот Парк на музиката во Рим, а неодамна бележи неколку успешни рецитали во Токио, Џенова и Трст.
    Луиџи Скифано е добитник на специјална награда на Меѓународниот Натпревар „Рикардо Ѕандонаи“ во Рива дел Гарда 2010, награда „Олимпијада“ на Меѓународниот натпревар „Отавио Ѕиино“ во Рим 2011 и Победник на Сакралниот дел од натпреварот „Санта Кјара“ во Неапол 2012.

Details

Date:
December 3, 2016
Time:
8:00 pm - 9:00 pm
Event Category:

Venue

Фоаје на МОБ