Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
ВОКАЛНА ВЕЧЕР со Дамјан Попоски (тенор) и Јанинка Невчева (пијано) November 15, 2016 @ 9:00 pm - 10:00 pm Free

Македонската опера и балет од почетокот на оваа сезона, во реновираните Салон и Фоаје на МОБ, воведува една убава практика. Тоа се настапи на наши и гости солисти, со свои рецитали. Во вторник, 15.11.2016 г. во Фоајето на МОБ, со почеток во 21 часот, рецитал ќе одржи тенорот Дамјан Поповски,  насловен како: „Вокална вечер со Дамјан Попоски“.

Пијано придружбата е на Јанинка Невчева, а режисер на рециталот е Дејан Прошев.

Влезот за концертот е слободен!

Дамјан Попоски дипломира во Њујорк (Manhattan School of Music) во класата на проф. Мињон Дан. Ги продолжува своите студии работејки со врвни имиња од оперскиот свет: Ширли Верет, Грациела Араја, Џована Канети, Пјер Миранда Фераро, Ниел Розеншаин… и пее на семинари водени од Питер Марк, Енза Ферари, Карло Бергонзи, Вирџиниа Зеани, Ворен Џоунс, Маурицио Арена, Џером Хаинс и Марија Кјара.
Како дел од EPCASO (Ezio Pinza Council for American Singers), Попоски ја пее улогата на Али во концертната изведба на Росиниевата „Италијанка во Алжир“ низ Венето, Италија (Тревизо, Виторио Венето, Одерцо). Неговото оперско деби е во улогата на Бартоло („Свадбата на Фигаро“) во Ваимар, Германија. Во МОБ дебитира во улогата на Малком во „Магбет“. Освен во Македонија, настапува и во Америка, Канада, Италија, Германија и Грција.
Во моментов ја завршува својата гласовна транзиција под менторството на Лаура Сарти во Лондон.

 

Details

Date:
November 15, 2016
Time:
9:00 pm - 10:00 pm
Cost:
Free
Event Category:

Venue

Фоаје на МОБ