- This event has passed.
Египет, Мемфис и Теба во фараонско време. Аида, етиописка робинка на египетската принцеза Амнерис, го сака Радамес, војсководец кој треба да командува во војната против Етиопија. Амнерис, исто така вљубена во Радамес, ја измамува Аида и ја дознава тајната на нејзината љубов. Радамес триумфално се враќа и за награда ја добива раката на Амнерис. Прикриен меѓу заробениците е Амонасро, крал на Етиопија – таткото на Аида. Тој ја тера ќерка си да ги дознае тајните воени патишта од Радамес. Ненамерното предавство на Радамес е откриено од Амнерис. Главниот свештеник Рамфис го осудува да биде жив закопан во гробницата. Аида успева да влезе во гробницата за да ја сподели судбината со саканиот.
Диригент: Иво Липановиќ (Хрватска)
Режисер: Дејан Прошев
Сценограф: Зоран Костовски
Костимограф: Елена Дончева
Кореограф: Снежана Филиповска
Концерт-мајстор: Верица Ламбевска
Асс. Хор-мајстор: Ѓурѓица Стојчевска, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов
Испициенти: Мирче Стојчевски, ЉупчоПолизов, Драган Костадиновиќ
Суфлери: Павлина Здравкова, Светлана Георгиева
НАСТАПУВААТ:
Aида: Весна Ѓиновска-Илкова
Амнерис: Дина Хамзина (Казахстан)
Радамес: Рубенс Пелизари (Италија)
Рамфис: Игор Дурловски
Фараон: Котецу Казахиро (Јапонија)
Амонасро: Марјан Јованоски
Главна свештеничка: Надежда Рубен
Гласник: Марјан Николовски
Балет солисти: Ивана Коцевска, Дојчин Дочев (Бугарија)
Настапува хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ