Loading Events

« All Events

ЗАСПАНАТА УБАВИЦА – ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ (15.5.2024) May 15 @ 8:00 pm - 10:00 pm 800МКД

52 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ
ЗАСПАНАТА УБАВИЦА
(балетска претстава)
15.5.2024 – 20.00 ч.

Диригент: Најер Нагуи  (Египет)
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Асистент–кореограф: Тетјана Белецка (Украина)
Сценограф / Koстимограф: Миодраг Табачки (Србија)
Светло дизајн: Милчо Александров
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Соло виолина: Климент Тодороски
Соло виолончело: Кирил Јосифов
Инспициенти: Дубравка Шопова, Тијана Тарчуговска Георгиева
Корепетитори: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски

Настапуваат:
Принцеза Аврора: Марта Петкова (Бугарија)
Принц Дезире: Никола Хаџитанев (Бугарија)

НАСТАПУВААТ СОЛИСТИ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ

 

„Заспаната убавица“

ТЕМА: Будење на волшебната приказна за љубовта, магијата и судбината, кои танцуваат заедно.

 

Синопсис

 

Пролог

На кралот Флорестан XXIV и на неговата кралица им се родила ќерка -принцезата Аврора. Стариот церемонијал мајстор Каталабит проверувајќи ја листата на гости, открива дека по грешка на неговиот секретар на свеченоста е поканета и лошата вила Карабос. Нејзиното име веднаш е избришано од листата на поканети. Пристигнува кралот Флорестан со кралицата во придружба на Вилите на Убавината, Среќата, Богатството, Човечноста, Расположението и Милоста. Сите носат богати дарови. Сред играта со лири на дворските дворјани и пажеви се слуша молскавичен шум пред портите. Лошата Вила Карабос бара да влезе. Кралот веднаш наредува да се затворат сите влезови, но напразно – Карабос се појавува со своите глувци, стаорци и лилјаци и веднаш го напаѓа Каталибит. Бесна од барањето на кралот да го напушти дворецот, таа ја проколнува принцезата Аврора дека после среќното детство, во цутот на младоста, ќе се боцне на вретено и ќе умре. Вилата Јоргован ја ублажува оваа ужасна клетва – принцезата Аврора нема да умре, туку ќе спие 100 години. Таа и останатите вили ја принудуваат вилата Карабос да го напушти дворецот и секоја од нив и го дава својот благослов на принцезата Аврора.

Прв чин

16 години подоцна. Роденден на принцезата Аврора. Народот се собира пред дворецот. На оваа свеченост пристигнале и четворица додворувачи за да ја бараат раката на принцезата Аврора. Две девојки играат и сред нивната игра се појавува една непозната жена која им подарува по едно вретено, со кое тие почнуваат да играат, иако во царството на Флорестан е забранета употребата на вретенето. Доаѓа кралицата во придружба на додворувачите и наредува двете девојки да бидат одведени. Принцот Еме моли за милост поддржуван од останатите додворувачи. Кралицата им простува и веселбата продолжува. Пажевите и дворските дами го најавуваат доѓањето на прекрасната принцеза Аврора. Додворувачите се воодушевени од нејзината убавина. На принцазата Аврора срцето и го освојува само принцот Еме и таа го избира него. Одеднаш се појавува злобната вила Карабос, лукаво и се приближува на принцезата Аврора, понизно молејќи да и предаде еден подарок, сребрено вретено. Таа восхитена од непознатата играчка, почнува да игра со неа, но проклетството ја наведува таа да се боцне и умира. Тогаш Карабос злокобно се открива пред кралицата, потсетувајќи ја на своето проклетство. Додворувачите гневни сакаат да ја убијат, но Карабос исчезнува. Се појавува Вилата Јоргован, ја теши кралицата и очајниот принц дека принцезата Аврора не умрела, туку само заспала и дека еден ден ќе се разбуди од бакнежот на принцот, кого таа ќе го донесе кога ќе дојде време. Убавата принцеза Аврора ја носат во дворецот, народот со тажно срце се разидува, а Вилата Јоргован, преку силата на својата магија ги успива сите и се наоколу. Дворецот обраснува во дрвја и тажен бурјан.

Втор чин

 

1 слика

100 години подоцна. Во гората покрај сонливото езеро низ звуците на ловџиските рогови, принцот Дезире ја одбегнува тајната средба со Маркизата. Тој чувствува внатрешен немир, нешто непознато го задржува на оваа рудина. Маркизата нервозно заминува.  Одеднаш се појавува чуден чамец сиот накитен со јоргован, во кој е вилата Јоргован. На изненадениот принц таа му ја покажува визијата на заспаната принцеза Аврора и му кажува дека тој може да ја разбуди со бакнеж и со тоа да ја ослободи од силата на магијата. Принцот Дезире ја моли вилата, ако може да ја види барем нејзината сенка. Вилата ги повикува сенките и меѓу нив е и сенката на убавата принцеза Аврора. Принцот Дезире е до безумие вљубен и решен да ја следи Вилата Јоргован до маѓепсаниот замок.

 

2 слика

Вилата Јоргован и принцот Дезире пристигнуваат до замокот заспан во стогодишен сон. Со волшебното стапче вилата го расчистува влезот кон скалите на замокот каде што спие принцазата Аврора. Принцот Дезире со бакнеж ја буди принцезата Аврора. Во истиот миг се будат сите. Кралицата и се заблагодарува на Вилата Јоргован, а таа посакувајќи им љубов и среќа на принцот Дезире и принцезата Аврора, заминува.

 

3 слика

На свадбата на принцот Дезире и принцезата Аврора доаѓаат сите јунаци од сказните. Сината птица со принцезата Флорина, Мачорот во чизми со Белата мачка, Пепелашка со Принцот, Црвенкапа со Волкот. Сите гости им посакуваат радост и среќа на младата двојка.

Details

Date:
May 15
Time:
8:00 pm - 10:00 pm
Cost:
800МКД
Event Category:
Website:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=5785