Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
„Кавалерија рустикана” – Пјетро Маскaњи (11.11.2022) November 11, 2022 @ 8:00 pm - 9:30 pm 400МКД


Пјетро Маскaњи
“Кавалерија рустикана”
11.11.2022 година– Почеток 20ч.

Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Џандоменико Вакари ( Италија)
Асс.режисер: Алесандро Идонеа (Италија)
Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Елена Дончева
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Хормајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов,Јордан Петрушевски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер:Невена Георгиева

Настапуваат:
Сантуца: Благица Поп Томова
Туриду: Зоран Сотиров
Алфио: Борис Трајанов
Лола: Николина Јаневска
Мајка Лучија: Марика Поповиќ

Хорот и оркестарот на Национална опера и балет

СИНОПСИС

Кавалерија Рустикана од Пјетро Маскањи

Опера во еден чин Прељуба, љубомора, одмазда = Трагедија Содржина: Вечер пред Велигден во сицилијанско село. Младата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија, мајката на Туриду, човекот кој таа го сака, а во чија љубов се сомнева, сo цел да разговара со него. Но, наместо разговор, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат. Лола е жена на коларот Алфио. Туриду, пред да замине во војска бил свршен со Лола, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио. Туриду после враќањето од војска разочаран, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца. Сантуца, сега веќе грешница во очите на селаните, останува сосема сама, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија, каков грев сторил нејзиниот син. Доаѓа и Алфио, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.

Зборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.

Доаѓа Туриду, Сантуца сака да зборува со него, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква. Сантуца, пред која селаните ги затвораат црковните врати, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила, но веќе е доцна. Со цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду. После црковната служба, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат. По острата расправија, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој. Туриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца, ако тој не се врати. Мајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите. Се слуша само: „Туриду е мртов“

Details

Date:
November 11, 2022
Time:
8:00 pm - 9:30 pm
Cost:
400МКД
Event Category:
Website:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4614