- This event has passed.
КАРЛ ОРФ
„КАРМИНА БУРАНА“
16.12.2022 – 20:00
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф и либрето: Кан Арслан (Турција)
Сценограф: Миодраг Табачки (Србија)
Костимограф на балет: Гизем Бетил (Турција)
Костимограф на опера: Елена Дончева
Концерт –мајстор: Климент Тодороски
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Дафина Данилоска-Кочевска, Саша Евтимова
Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓевска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов и Јордан Петрушевски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Дубравка Шопова, Тијана Тарчуговска
Суфлер: Невена Георгиева
Солисти на опера:
Сопран: Надe Талевска
Баритон : Васко Здравков
Контра тенор: Денис Димоски
Солисти на балет:
Оган: Мими Поп Алексова Атанасовска
Ветер: Игор Веланоски (Франциско Хименез Руиз)
Фортуна: Ивана Коцевска
Вода: Саша Евтимова (Христина Наќевска)
Земја: Мирослав Митрашиновиќ (Балаж Лочеи)
Настапуваат: Хорот, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет
ШТО Е „КАРМИНА БУРАНА“ Наједноставно кажано, тоа е вечното актуелно прашање на животната радост, слободата и страста за која пееат уште патувачките студенти и клериците. Истоимениот ракопис од 13 век пронајден 1803 г. во баварскиот манастир Бенедиктбевер беше Орфова инспирација: конечно дваесетина текстови стануваат и конкретен текстуален предлог за ова музичко остварување. Композиторот ни овде не смета на потполно, логично разбирање, на различните јазици: барајќи ги корените на врската што постојат помеѓу митот, музиката и јазикот, разбирањето го нуди во спрега на сите елементи и неизбежното физичко движење – ритамот. „Што е појасна и поедноставна пораката- уште посилен е и подиректен крајниот ефект“. Тој водечки принцип на Орфовото уметничко уверување, силината на неговиот звук и ритамот, произлегуваат уште од експерименталната Гинтерова школа за гимнастика, музика и игра чии што соосновач бил и Орф во Минхен 1924г. Светот на „Кармина Бурана“ е саканиот свет што го остваруваат најспремните. Таму каде што Фортуната- Среќата владее со светот, а сонцето и богот на љубовта имаат власт над сите, трае силна , незапирлива радост. Орфовата музика и неговата визија за театарската волшебност стануваат дел од екстазата на стариот грчки театар: низ неа се обновуваат мистериите, ритуалните свечености, латинската комедија но и фолклорниот театар од тоа поднебје. Кармина Бурана веќе со години го привлекува вниманието на режисери и кореографи од целиот свет поради привлечноста на синкретизмот кој зрачи како неисцрпен извор на можности за нови идеи и инспирации.