- This event has passed.

Македонската опера и балет на 12 февруари годинава, во 20 часот, ќе гостува во Народниот театар во Велес, со балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола
Кореографијата е на Сабрина Боско од Италија, режисер е Наташа Поплавска, а сценографијата и костимографијата се на Александар Ношпал.
На настанот што Општина Велес го организира во соработка со Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе настапат 40 балетски уметници: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили од Грузија, Мими Поп Алексова Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Ендру Кук од Англија, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Марко Здравковски, Драган Кочоски и целиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет.