- This event has passed.

По повод претстојните празници, Македонската опера и балет подготвува специјална Новогодишна претстава за деца, „Работилницата на Дедо Мраз“, приказна во која се раскажува за изработката на играчките-подароци за децата за Нова Година и брзањето на Дедо Мраз да стаса да ги разнесе до сите деца. Покрај Дедо Мраз ќе ги видиме и Ѕвончица, Пинокио, Балерина, Снежната Кралица и многу други интересни ликови.
Режисер: Љупка Јакимовска
НАСТАПУВААТ:
Дедо Мраз: Невен Силјановски
Ѕвончица: Билјана Јосифов
Пинокио: Полина Тасева
Балерина: Елена Селмановиќ
Кралица: Ана Ројдева
Џуџе: Борко Биџовски
Ветер :Трајко Јордановски
Месечина: Љупка Јакимовска