Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
„РИТА“ – Гаетано Доницети (1.2.2023) February 1, 2023 @ 8:00 pm - 9:15 pm 300MKД

Гаетано Доницети
„РИТА“

01.02.2023, 20:00 часот, мала сцена
 
 
Диригент: Ѓурѓица Дашиќ
Режисер: Трајко Јордановски
Асс.Режисер: Љупка Јакимовска
Сценограф / Костимограф: Марија Ветеровска
Концерт мајстор: Игор Тодоров
Светло дизајн: Васко Лисичов
Корепетитор: Андреја Наунов, Јанинка Невчева, Елена Сиљаноска, Јордан Петрушевски

Настапуваат:

Рита: Aна Ројдева
Бепе: Јане Дунимаглоски
Гаспаро: Ернес Ибраимовски
Бартоло: Борко Биџовски

Инспициенти:  Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Невена Георгиева

*времетраење на претставата 75 минути

Синопсис

Рита
Дејството се случува во Бергамо, Италија. Рита е сопственичка на преноќиште и вдовица на Гаспаро, сопруг кој ја малтретирал и според нејзино сознание настрадал во бродолом.
Во меѓувреме Рита го запознава Бепе, човек кој многу и помогнал во гаснењето на пожарот во нејзината куќа и се мажи за него. Новиот сопруг е сосема различен од поранешниот, Гаспаро. Рита, поттикната од претходното искуство, се наметнува во новиот брак, па дури и го малтретира Бепе, на ист начин како што ја малтретирал Гаспаро.
Одненадеж се појавува Гаспаро, кој го преживеал бродоломот и сега живее во Канада каде што се стекнал со големо богатство. Тој се вратил во Бергамо за да добие потврда дека Рита не е жива за да може да склопи брак со вереницата во Канада. Гаспаро доаѓа во преноќиштето на Рита и го наоѓа Бепе.
Во меѓусебниот разговор, Гаспаро го учи Бепе како да се однесува со жените, но при покажување на личната карта на Гаспаро, Бепе сфаќа дека тој е ,,починатиот,, сопруг на Рита. Го моли да му помогне да се ослододи од малтретирањето на Рита. Единствената цел на Гаспаро е да го добие документорт дека бракот со Рита не важи и применува трик за реализација на својата идеја. Се случува дуел помеѓу Гаспаро и Бепе, а победникот треба да живее со Рита. Но Рита и Бепе ја откриваат измамата. Гаспаро го добива бараниот документ, а Рита и Бепе продолжуваат да живеат во среќен брак, зашто Рита му ветува на Бепе дека нема повеќе да го малтретира.

Details

Date:
February 1, 2023
Time:
8:00 pm - 9:15 pm
Cost:
300MKД
Event Category:
Website:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4797