- This event has passed.
НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ- ОПЕРА
Џоакино Росини
„СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“
02.03.2024 год. – Салон на Национална опера и балет, 20 часот
Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Асс.Диригент – Катерина Стојковска
Асс.режисер: Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Сценограф: Марија Ветеровска
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор:
Хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски
Инспициенти:Љупчо Полизов, ДРаган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер: Невена Георгиева
НАСТАПУВААТ:
Фигаро: Васко Здравков
Розина: Билјана Јосифов
Гроф Алмавива: Роберто Јачини Вергилиј – Италија
Дон Базилио: Владимир Саздовски
Дон Бартоло: Невен Силјановски
Берта: Соња Пендовска Мадевска
Фиорело: Драган Ампов
Амброзио: Марко Димовски
Камениот човек: Борко Биџовски
Чембало: Елена Сиљаноска
Хорот и оркестарот на Национална опера и балет
*времетраење на претставата 150 минути
„Севилскиот бербер“ – Џокаино Росини
Дејствието од операта се одвива во Севилја. Розина е млада девојка која е заљубена во грофот Алмавива. Младиот и убав гроф секојдневно пее под прозорецот на Розина со цел да и се приближи. Но, Розина ја чува стариот доктор Бартоло, кој сака да се ожени за неа и не и дозволува да излезе од куќата. Фигаро, личниот бербер на Бартоло, им помага на Розина и Алмавива да се запознаат, претставувајки го Алмавива како учител по пеење. И додека Фигаро го бричи Бартоло, Розина и Алмавива се договараат околу својата иднина.
За да ја остварат заедничката љубов, на Розина и Алмавива им помага Фигаро, така што им носи матичар и сведоци. Во тој момент се одвива венчавката, а стариот Бартола мора да ја прифати победата на младоста и љубовта.
Синопсис:
I ЧИН
Улица во Севиља. Грофот Алмавива ѝ пее серенада на Розина, штитеничка на лекарот Бартоло. Доаѓа берберот Фигаро, весело и самоуверено момче. Тој за пари и пофални зборови ќе му помогне на грофот да дојде до својата сакана. Бартоло, строго и љубоморно ја чува Розина, затоа што и тој самиот сака да се венча со неа. Таа пак го сака Линдоро, кој е всушност грофот Алмавива. Бартоло и Базилио решаваат да го обвинат грофот пред Розина. Фигаро се обидува да ја придобие Розина за грофот Алмавива, но со веселост забележува дека тука не е потребен никаков труд, зашто Розина во ликот на Линдоро и без тоа веќе го сака грофот. Розина му дава писменце на Фигаро за грофот и берберот весело си заминува. Одеднаш во куќата се втурнува еден војник, привидно пијан. Тоа е грофот кој ѝ се открива на Розина. Алмавива, поради вревата што се дигна во куќата со неговото доаѓање, мора да биде уапсен, но тој му шепнува нешто на заповедникот и за апсење нема повеќе ни збор. Бартоло се вчудовидува.
II ЧИН
Алмавива, преоблечен како учител по музика на Розина ѝ дава час по пеење. Фигаро го бричи Бартоло, а Алмавива и Розина се договараат да избегаат кришум. Фигаро се појавува и е премногу љубопитен што предизвикува сомневање кај Бартоло. Доаѓа Базилио и треба да го повика нотариусот, но грофот го поткупува и на крајот се се завршува со венчавање на грофот и Розина, кои добиваат благослов и од Бартоло.