
- This event has passed.

Националната опера и балет ја продолжува традицијата востановена пред повеќе од 25 години, и во вторник, 12 и среда, 13 јануари, 2021 г. ќе го одржи гала концертот по повод празникот „Василица“.
Оваа година концертот носи наслов „Најголемите хитови“, односно, направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти, со симфониски аранжмани . Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова Година“, Националната опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.